Будва, Дубровник и Острог    Велигден 2019

 

1.Ден (25.04.2019) Четврток    

Трансфер на патниците од Неготино,Кавадарци,Штип,Велес,Скопје.Поаѓање за Црна Гора во 22.00 часот.  Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2.Ден (26.04.2019) Петок                      Св. Стефан – Будва

Пристигнување во Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, кратка пауза за разглед или кафе и поаѓање кон Будва. Пристигнување во Будва и сместување Хотел Вила Монте Рио 3*/или апартмани. Слободно попладне  за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва со разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот.. можност за уживање со кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Ноќевање.

3.Ден (27.04.2019) Сабота                  Будва – Дубровник

Ден предвиден за факултативна целодневна посета на Дубровник. Патувањето се одвива преку Тиват со траект до Дубровник. Градот каде се снимаа дел од сцените на познатата серија “Game of Thrones“ денес е под светската културна заштита на УНЕСКО и е несомнено една од најубавите светски дестинации за посета. Раглед и прошетка на стариот дел на градот; Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, Дубровачката катедрала, Св.Влах, Онофриевата чешма, Орландовиот Столб, Градскиот ѕвонарник… Враќање во Будва. Ноќевање.

  1. Ден (28.04.2019) Недела   Будва – Острог – Скопје                                                                  Слободен ден за уживање и одмор во Будва                                                                                                                            
  2. Ден (29.04.2019) Понеделник   Будва – Острог – Скопје 

Напуштање на хотелот или апартманите и поаѓање за Острог. Манастирот на Василие Острошки, сместен во високо карпест предел, претставува најголемото Црногорско светилиште и секоја година привлекува мноштво поклоненици. Основан е од страна на Св. Василије Острошки во XVII век. Се верува дека неговите мошти кои се наоѓаат во Горниот Манастир се чудотворни, а виновата лоза која расте покрај карпите на прочуениот манастир е лековита, односно нејзините плодови ја лечат неплодноста. Патувањето продолжува кон Македонија, ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цената важи со уплата до 30.03.2019 ,после се зголемува за 10 евра

Цена на аранжманот 79€ /4.900мкд -3 ноќевања во приватно сместување

Зимање патници без доплата од Штип,Неготино,Кавадарци,Велес,Скопје

 

Во цената е вклучено:

– Превоз со автобус на наведената релација

– Сместување во апартманите 3 ноќевања

– Попатна посета на Св.Стефан

– Организирана посета на Манастрирот Св. Василије Острошки

– Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

– Факултативна посета на Дубровник 15€ (минимум 30 пријавени)

– Превоз од Долниот до Горниот манастир Острог 3€ повратна (доплата на лице место)

– Влезници по музеите и културно историските споменици

– Задолжително патничко и здравствено осигурување 150мкд

Напомени:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

– За овој аранжман важат Општите Услови за патување на СКТМ и Т.А.Мартин.

– За ова патување потребно е валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– Цените се изразени во евра за уплата исклучиво во денари по курс 1€=62мкд.