ВЕНЕЦИЈА, ВЕРОНА ,МИЛАНО                                                        ВЕЛИГДЕН

1.Ден 23.05.2019 (Четврток)                           СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на паркингот спроти саем во 14.30 часот. Поаѓање за Италија во 15.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

2.Ден 24.05.2019 (Петок)                                          ВЕНЕЦИЈА  -ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во претпладневни часови во Пунта Сабиони и заминување на разлед и посета на Венеција. Организран трансфер со брод – вапорето и прошетка низ уличките во градот на мостови и канали; Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. По разгледот заминување за Лидо ди Јесоло и сместување во хотел.  Ноќевање.

3.Ден 25.05.2019 (Сабота)                    ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО-МИЛАНО-ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Појадок. продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во попладневните часови враќање назад во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

4.Ден 26.05.2019 (Недела)                  ВЕНЕЦИJА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Посета и разглед на градот на Ромео и Јулија; Арената, Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе, куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност за шопинг во некои од најдобрите италијански брендови поставени на улицата Виа Мацини. Во попладневните часови заминување за Македонија. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

5.Ден 27.05.2019 (Понеделник)                                  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

ПРОМО цена до 10.05.2019 – 109€/6.760ден (задолжителни факултативи од 65€)

Редовна цена – 129€/7.998ден

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ БЕЗ ДОПЛАТА ОД КАВАДАРЦИ,НЕГОТИНО,ВЕЛЕС,ШТИП,СКОПЈЕ,КУМАНОВО

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок
  • Организирана посети на градовите според програмата
  • Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување 200ден
  • Задолжителна Организирана посета на Верона-10 €
  • Организирана посета на Венеција со брод вапорето – 20€
  • Факултативна посета на Милано со локален водич – 35€ (минимум 40 патника)
  • Доплата за туристичка такса (1-2€ по лице од ноќ)
  • Влезници по културно – историските знаменитости

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ .
  • Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.
  • Организираторот го задржува правото за промена на цената на факултативите во случај на недоволен број на пријавени.
  • Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 15 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата.
  • Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.