Манастирите во Фрушка гора и Војводина

26.Април (Петок) ТЕРМАЛ ВРДНИК

Состанок на групата кај хотел ВИП спроти саем во 03:30ч. Поаѓање за Србија во 04:00ч. Пристигнување во пладневните часови во Термал Врдник и сместување во хотел. Слободно време за одмор, релаксација и индивидуални активности. Бесплатно користење на рекреативни базени со термална водa. Вечера. Ноќевање.

  1. Април (Сабота)  СРЕМСКИ  КАРЛОВЦИ  – НОВИ САД

Појадок.  Ден предвиден за посета на Сремски Карловци и Нови Сад со попатна посета на манастирот Крушедол (културно историско наследство од исклучително значење лоциран на јужната страна во Фрушка Гора, Војводина). Започнуваме со посета на живописното гратче Сремски Карловци,  единствениот град изграден во ренесансен стил, познат уште и како Северен Ватикан. Разглед на градот со локален водич. Кратко слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Патувањето продолжува кон главниот град на Војводина, Нови Сад, поставен на левиот брег на реката Дунав. Организиран разглед со локален водич. Започнуваме со oбиколка на најголемата средноевропска Петроварадинска Тврдина од каде се простира прекрасна панорама на Нови  Сад, продолжуваме со разглед на Плоштадот на Слободата каде се поставени Градското Собрание, Римокатоличката црква, зградата Железен човек, Змај-Јовината улица, Соборната црква… Слободно време за кафе или ручек.  Доцна попладне враќање во хотел. Слободно време за одмор, релаксација и индивидуални активности. Вечера. По вечерата посета на манастирот Врдник кој е на неколку минути пешачење од хотелот Термал. Присуство по желба на Велигденска литургија. Ноќевање.

 

  1. Април (Недела)ФРУШКА ГОРА

Појадок. Ден предвиден за посета на манастирите на Фрушка Гора. Започнуваме со разглед и прошетка на националниот парк Фрушка гора, позната уште и како “Српската Света Гора” заради големиот број на манастири кои се лоцирани тука. Шеснаесетте манастири на српската православна црква тука се подигнати како задужбини на српските владетели, откако во доцниот Среден Век под притисок на Турците, тежиштето на српското духовно и културно наследство е поместено на север. Разглед на велелепните манастири распослани на нејзините падини: Врдник, Јазак, Мала Ремета (каде се наоѓаат дел од моштите на Св. Ѓорѓи Кратовски) … Патувањето продолжува до видиковецот над местото Врдник, кај Етно село Кула Врдник. Кратка пауза. Враќање во хотел. Можност за факултативен ручек во Салаш со Тамбураши или слободно време за одмор, релаксација и индивидуални активности. Бесплатно користење на рекреативни базени со термална вода. Вечера. Ноќевање.

  1. Април (Понеделник) ТЕРМАЛ ВРДНИК – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите согласно хотелското правило. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи до времето предвидено за поаѓање кон Македонија. Заминување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот по лице 129€/ 8.000 мкд

Дете од 3-10год. 75€/4.650мкд

Попуст за 3то возрасно лице во 1/3соба  -10%

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Автобуски превоз на наведената релација

– Сместување во Хотел Термал Врдник во двокреветни и трокреветни соби на база 3 ноќевања со појадок и вечера

– Организирана посета и разглед на Сремски Карловци и Нови Сад со локален водич.

– Организирана посета на Петроварадинската Тврдина.

– Организирана посета на Фрушка Гора и манастирите ( Крушедол, Врдник, Јазак и Мала Ремета.)

– Бесплатно рекреативни базени со термална вода со температура од 32,8°C

– Туристичка такса

– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Факултативен ручек со тамбураши во Салаш – 15€

– Задолжително патничко осигурување – 124ден за лица до 65год, 392ден за лица над 65год.

– Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност  1€=62мкд.

– За ова патување потребен е валиден пасош, минимум 3 месеци од датумот на враќање, или валидна лична карта.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата.

– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на СКТМ