Едипсос или Лутра Едипсос е најпознатата и најстарата бања во Грција, специфична по комбинацијата од термалните извори во море. Во прилог на тоа дека се работи за една од најстарите бањи оди и фактот што бањата се спомнува во делата на славниот грчки филозоф Аристотел. Во Римско време тука поминале Хадријан, Септимиј и Марко Аурелиј, од овој периот се славните римски бањи – Сила.

Програма на патување:

1.Ден 26.04.2019 (Петок) Скопје – Лутра Едипсос

Состанок на групата на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем рано наутро во 00.30 часот. Поаѓање за Евија во 01:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Евзони со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа, качување на брод траект и трансфер до островот Евија (возењето трае 30мин). Пристигнување во Агиос Кампос и продолжување кон Лутра Едипсос. Пристигнување и сместување во хотел. Краток одмор од патувањето и заминување на пешачки разглед на местото Едипсос и бањите. Слободно време за одмор и релаксација. Можност за капење во природните базени со минерална вода кои се вливаат во морето. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 27.04.2019 (Сабота) Лутра Едипсос – Прокопи

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на местото Прокопи познато по манастирот посветен на Св. Јован Руски. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годиншно привлекува голем бројна верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Вечерта можност за посета на централната црква во Едипсос во чест на пречек на Христовото Воскресение. Ноќевање.

3.Ден 28.04.2019 (Недела) Лутра Едипсос – Агиос

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови организиран традиционален велигденски ручек во дворот на хотелот со богато национално мени. Попладнето е слободно за одмор и релаксација. Можност за капење во природните базени со минерална вода кои се вливаат во морето. Вечера. По вечерата организирано заминување кон планинското место Агиос познато по традиционалната прослава на Велигден, интерактивно учество на посетителите и уживање во небото исполенето со балони со хелиум. Враќање во Едипсос. Ноќевање.

4.Ден 29.04.2019 (Понеделник) Лутра Едипсос – Паралија – Скопје

Појадок. Состанок на групата во договореното време и заминување кон Скопје. Попатна посета на градот Паралија со можност за ручек (индивидуално). Патот продолжува кон Скопје со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

Промотивна цена до 10.04.2019 – 125€/7.750мкд

Редовна Понуда – 139€/8.620мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација;

– Сместување во Hotel Galini 2* https://www.galinihotelaidipsos.com (на база 3 ноќевања )

– Исхрана на база полупансион (појадок шведска маса и вечера сет мени)

– Традиционален велигденски ручек

– Организирана посета на местото Агиос познато по традиционалната прослава на Велигден

– Траект Глифа – Евија – Глифа

– Организација и Реализација со туристички придружник

– Туристичка Такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување;

– Факултативна посета на местото Прокопи (10 ЕУР)

– Индивидуални трошоци

Попусти и опционални доплати:

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€ (мин. 2 седишта)

– Доплата за дополнително седиште во автобус -50€

Напомени:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.

– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот

– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.

– За овој аранжман важат ОУ на патување од СКТМ