ПРОЛОМ БАЊА

ПРОЛОМ БАЊА                                                     

Програма на патување:

 

07.12.2019 (Сабота)                                СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата во 05.30 часот рано наутро на паркингот кај Хотел Вип спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања во пладневните часови и сместување во хотел Радан. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време предвидено за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

08.12.2019 (Недела)                        ПРОЛОМ БАЊА – ЃАВОЛА ВАРОШ

Појадок. Во 10.00 часот заминување на организиран претпладневен излет со локален туристички водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

09.12.2019 (Понеделник)           ПРОЛОМ БАЊА – ЦРКВА ЛАЗАРИЦА – СКОПЈЕ       

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување на прошетка со локален туристички водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Враќање во хотел. Зaминување за Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Цена за резервации до 15.11.2019 – 109€/6.758мкд

Редовна цена 119€/7.378мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Автобуски превоз на наведената релација

– Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања во двокреветни соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)

– Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера

– Користење на внатрешен базен со лековита Пролом вода

– Секојдневно користење на Релакс центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум

– Користење фитнес сала и сала за рекреација (билљард, пинг понг, тенис, пикадо)

– Организиран излет со автобус до Ѓавола Варош, вклучена влезница и локален водич

– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич

– Туристичка такса

– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување 100мкд

– Индивидуални трошоци

Попусти и опционални доплати:

– Доплата за еднокреветна соба +30€/1.860мкд

– Дете 2-9год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 25€/1.550мкд

– Дете 9-14год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд

– Трет возрасен на дополнителен кревет -10% (на барање)

– Намалување за сопствен превоз -10€/620мкд по патник

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620мкд (мин. 2 седишта)

– Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +35€/2.170мкд

 

Важни напомени:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни  услови да ја промени програмата или да ги откаже излетите.

– Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.