26.04.2019  (Петок) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација  и користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

27.04.2019 (Сабота)ПРОЛОМ БАЊА – ЃАВОЛА ВАРОШ

Појадок. Заминување на организиран претпладневен излет со локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

28.04.2019 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА – ЦРКВА ЛАЗАРИЦА    

Појадок. Можност за посета и присуство на велигденска литургија во црквата Св. Преображение. Натпревар во кршење со велигденски јајца. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

29.04.2019 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок.  Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување на организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Зaминување за Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Цена по лице 145€/8.990мкд
Деца од 2 до 9 год. БЕСПЛАТНО само превоз 25€/1.550мкд
Деца од 9-14год. – 85€/5.270мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација,
  • Сместување во Хотел Радан 3* на база 3 ноќевања во двокреветни и трокреветни соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса),
  • Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера,
  • Користење на внатрешен базен и внатрешно-надворешен базен со лековита Пролом вода,
  • Секојдневно користење на велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум,
  • Користење фитнес сала и сала за рекреација (билљард, пинг понг, тенис, пикадо),
  • Организиран излет со автобус до Ѓавола Варош, вклучена влезница и локален водич,
  • Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич,
  • Туристичка такса,
  • Организација, реализација и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување 100мкд,
  • Индивидуални трошоци.

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови.
  • Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.