Сокобања со Озрен Велигден – 2 понуда

26.04.2019 Петок                                                        ВЕЛЕССОКОБАЊА

Поаѓање во утринските часови  од Штип, Неготино, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во претпладневните часови и сместување во хотел.  Краток одмор и заминување на организирана попладневна прошетка низ поширокиот центар на Сокобања  (Mилошев Конак, Tурско купатило, црквата Св. Преображение…). Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

27.04.2019 сабота                                                  СОКОБАЊА 

Појадок. Организирана прошетка до излетничко место Лептерија и стариот Сокоград . Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на услугите на хотелот. Вечера. Индивидуална посета на црквата Св.Преображение во центарот на Сокобања.  Ноќевање.

28.04.2019 недела                                                         СОКОБАЊА

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ручек. . Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Факултативно користење на Wellness центарот Сокотерме (базени со термална вода до 39 степени Целзиусови, финска сауна, парно купатило, солена соба, Jacuzzi ) Вечера. Ноќевање.

29.04.2019 понеделник                                         СОКОБАЊА -ВЕЛЕС

Појадок. Напуштање на собите и поаѓање на групата кон планината Озрен. Ден предвиден за традиционален велигденски ручек со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача) и организирани активности и натпревари во природа (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…). Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Велес во вечерните часови.

 

ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.04.2019 : 89 € (5.520мкд)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 € (6.140 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел 3* во Сокобања на база 3 ноќевања со полнпансион (појадок, ручек и вечера)
  • Организиран разглед на поширокиот центар на Сокобања
  • Организирана прошетка до излетничкото место Лептерија и стариот Сокоград
  • Организиран излет на планината Озрен со традиционален велигденски ручек и богато мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача)
  • Туристичка такса
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување 150 мкд по лице
  • Индивидуални трошоци

Напомени и услови:

  • Доколку временските услови се неповолни за реализација на излетот на Озрен, организаторот го задржува правото за промена на локацијата на покриената тераса на хотелот со истото мени и програма.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Мартин.
  • За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.