ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ на агенции членки на СКТМ

  1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ
    Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот на програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на ”виша сила” која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот или слично).
  2. ПРИЈАВА-ДОГОВОР И УПЛАТА
    Пријава-договор за патување се прави до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма. Пријави може да се извршат во агенциите на Т.А Мартин и во сите други агенции овластени за продажба на програмите. При пријавувањето купувачот уплаќа аванс од 40% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдување на резервацијата од службата за резервации и тоа најдоцна до 15 дена пред реализација на аранжманот. Доколку патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците за отказ на аранжманот согласно условите од Член.6 –“право на патникот за откажување од патувањето”. При пријавувањето, патникот потпишува пријава-договор со изјава –“Изјавувам дека сум запознаен/а со програмата и со Општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам!” со што Општите услови на патување стануваат обврска за организаторот и за патникот.
  3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
    Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра со обврска за плаќање во денарска противвредност според пазарниот курс, објавен од страна на организаторот. Секое барање за дополнителни услуги подразбира дополнителни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на купувачот (се пресметува на остатокот од уплатата). При зголемување поголемо од 10% купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надокнади штетата произлезена од отказот.