ШПАНИЈА лето 2019• СО АВИОН • Коста Брава

Една од земјите кои ги имаат најубавите плажи во светот. Ако при тоа ја додадеме и долгата традиција за угостителство и многу развиен туризам, тогаш летувањето во Шпанија е нешто што секако мора да го искусите.


Иако заради прекрасните градови како барселона, Мадрид, Валенсија, Гранада и др. Вв ажи за водечка City Break дестинација, Шпанија е многу позната и по своите летувалишта и а големиот број на плажи со плави знаменца. На островите Мајорка и Ибица преку ден ќе се одмарате на прекрасните долги и песочни плажи а вечерите ќе ви останат во сеќавање по лудите ноќни забави.
Летувањето во Коста Брава и Косѕа Дорада, покрај прекрасните плаќи, богатиот ноќен живот нуди и можност да посетите многу културно историски локалитети како и прошетки низ Барселона.

Коста Брава

Коста Брава е најпознатото и најпосетувано летувалиште во Шпанија со брег долг окулу 40км и се протега северно од Барселона. Во нашата понуда ќе ги најдете најразвиените летувалишта како Калеја, Санта Сузана, Лорет Де Мар. Бланес, Малграт Де Мар…

Брегот на Каталонија не го сочинуваат само долгите, урбани песочни плажи полни со туристи, Нас многу повеќе не фасцинираа скриените заливи и прекрасната природа за која најверојатно не сте слушнале баш многу. Северот на Коста Брава е неизбрусен дијамант на Западниот Медитеран. Најубавиот дел на овој брег,  Плажата на златниот триаголник, успеал да ги сочува шармот и убавината на старите пристаништа и рибарските  населби познати по опуштената локална атмосфера и извонредната гастрономска понуда  Во овој регион се наоѓаат и места кои посебно би ги издвоиле заради нивното значење.
Гирона кој е еден од најстарите градови на Каталонија со прекрасен, Еврејски кварт, Фигуерас, родното место на салвадор Дали, креаторот на најубавите објекти во Барселона и Емпуриес, антички град од грчко римскиот период.