2-ри август во Валона

Валона е петтиот најнаселен град во Република Албанија. Валона е стар град основан во шестиот век п.н.е., првично познат по името Аулона. Градот се наоѓа на прекрасна локација, пред полуостровот Карабурун и Сазан
Остров и е опкружен со плажи и карпест песок. Градот носи историска важност за Албанија, бидејќи беше домаќин на Првото национално собрание, кое ја прогласи независноста на земјата од отоманското владеење на 28-ми ноември 1912 година. Музејот на независност е посветен на овој историски настан. Другите музеи вклучуваат етнографски и историски знаменитости.Валона е почетна точка на албанската ривиера и е една од најфреквентните области на албанскиот туризам кој нуди прекрасни песочни плажи и тиркизно море.

Прв ден (30.07)
Состанок на група кај хотел Вип на паркингот во 20:00, 20:30ч поаѓање.Ноќно возење со попатни паузи, граница  царински формалности

Втор ден (31.07)
Пристигнување во Валона и сместување во хотел. Слободно време за плажа или индивидуални активности. Во вечерните часови ноќен панорамски разглед со локален водич. Слободно време за прошеткa. враќање во хотел. Ноќевање

Трет ден (01.08)
Појадок. По појадокот факултативно крстарење кое започнува околу 09:30Ч а завршува околу 18:00ч. На ова крстарење се посетува полуостровот Карабурун и островот Сазан односно маринскиот национален парк Карабун-Сазан. Карабурун е најголемиот полуостров во Албанија а на 5км воздушналинија се наоѓа најголемиот остров по површина во Албанија – Сазани. Овој Марински парк е неформална граница помеѓу двете мориња, јонско и јадранско. Покрај ова се посетува и пештерата Xaџи Али која името го добива по албанскиот воин и трговец од Улцин кој бегајќи од морските разбојници засолшниште наоѓа во ова пештера. Пештерата е висока 30м и широка 10-12м. Во неа се пронајдени археолошки остатоци од антички цивилизации ( Грчки и Римјански).  Ноќевање

Четврт ден (02.08)
Појадок во хотелот.По појадокот факултативна посета на градот Орикум или слободни активности. Ноќевање.

Петти ден (03.08)
Појадок во хотел. По појадокот следува факултативна посета на островот Звернец на кој меѓу борова шума се наоѓа православен манастир од 1300 година и црквата Св. Тројца. Островот е поврзан со дрвен мост со копното. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи, граница и царински формалности. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 04.08.

Редовна цена на аранжманот: 129e
                                                                    Промо цена:109e до 20.07.2020
                                                                                Термин:30.07 – 04.08

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на Релација Скопје – Валона – Скопје
– Организиран превоз од:Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и Струга
– 3 ноќевања во хотел со 3* со појадок
– Туристички придружник за време на патувањето и престојот

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Ноќен панорамски разглед со локален водич (5е)
– Полудневно крстарење (25е)
– Посета на градот Орикум (10е)
– Посета на островот Звернец (10е)
– Туристичка такса(3е)- задолжително се плаќа во автобус

Сместувачките капацитети за ова патување ќе бидат дополнително објавени!

Важно

*Патувањето за Република Албанија може да се реализира со лична карта или пасош.

*Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.

Што е вклучено во цената

– Превоз на Релација Скопје – Валона – Скопје
– Организиран превоз од:Скопје, Велес, Кавадарци (Дреново), Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и Струга
– 3 ноќевања во хотел со 3* со појадок
– Туристички придружник за време на патувањето и престојот

Што не е вклучено во цената

– Ноќен панорамски разглед со локален водич (5е)
– Полудневно крстарење (25е)
– Посета на градот Орикум (10е)
– Посета на островот Звернец (10е)
– Туристичка такса(3е)- задолжително се плаќа во автобус

Факултативни излети

Ноќен панорамски разглед со локален водич!

5€

Полудневно крстарење!

25€

Посета на градот Орикум!

10€

Посета на островот Звернец!

10€