24-ти Мај на Крф
Уживајте на Крф и истражете дел од островот за 3 дена 

Авантуристички викенд
Термин
: 23.05 – 26.05.2019
Промо цена: 89 eвра до 20.04
Редовна цена
: 105 eвра

 

22.05.2019– Среда

Состанок на групата на дрводекор вo вечерните часови пред започнување на. Поаѓање за Крф преку граничен премин Евзони. Ноќно возење со попатни паузи. За точното време на поаѓање агенцијата на 2-3 дена пред поаѓање ги известува патниците.

23.05.2019- Четврток

Пристигнување на островот Крф. Сместување на патниците во приватни апартмани во Ипсос и Дасиа. Слободно врема за одмор или плажа. 18:00ч- Факултативна посета на градот Керкира. Турата вклучува автобуски превоз од и до градот Крф. За време на патувањето до градот, водичот ги запознава патниците со историјата и најважните информации за островот, сите оние детали кои се најважни за местото.По пристигнувањето во градот,водичот ги носи патниците до црквата на светецот на островот, Св. Спиридон а потоа групата има слободно време за прошетка, шопинг, кафе до договореното време кога се враќа во Ипсос и Дасиа.22:00ч враќање во апартманите. Можност за посета на ноќен бар. Ноќевање

Разглед на градот Крф – 10 евра по лице

24.05.2019- Петок

Целодневен излет со автобус. Групата ги посетува најпопуларните туристички дестинации во Палеокастрица и Сидари: фабриката за производство на ликери и локални слатки од традиционалното овошје кумкуат, Мавроматис, плажата Палеокастрица со манастирот Богородица, се оди до највисоката достапна точка каде се гледа цела Палеокастрица, буквално најубавиот поглед на цел остров, Сидари, град познат по тунелот на љубовта. Враќање во апартманите. Можност за посета на ноќен бар. Ноќевање

Целодневен излет со автобус- 20 евра по лице

25.05.2019- Сабота
Целодневно крстарење со вклучен ручек. Групата се чека на пристаниште.Крстарење по североисточниот дел на островот се до градчето Касиопи. Попатни застанувања за капење на прекрасна дива плажа, каде и се прави пауза за ручек сервирана од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, леб и неограничено пиење на вода, сок, црвено или бело вино. По ручекот групата се упатува кон Касиопи каде има слободно време за прошетка, плажа и кафе. На враќање повторно се застанува до уште една плажа за капење и пештера. Враќање во Ипсос и Дасиа некаде околу 17 часот. Можност за посета на ноќен бар. Ноќевање

Целодневно крстарење со вклучен ручек-  25 евра по лице

 

26.05.2019- Недела
Напуштање на апартманите во 12:00ч. Поаѓање према пристаниште. Пристигнување во Скопје во утринските часови на 27.05.2019 oколу 02:00 и -03:00ч

Сместувањето е во приватни апартмани и студиа во Дасиа и Ипсос.

Во цената на аранжманот е вклучено:

Автобуски превоз Скопје – Крф – Скопје
Повратна карта за траект
3 ноќевања во Ипсос и Дасиа во приватни вили
Водич за време на престојот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Патничко осигурување- 1 евро од ден ( се плаќа во агенција )
Факултативни излети ( се плаќа во автобус )
Туристичка такса- 0.5 центи од ноќ од студио или апартман ( се плаќа во самиот објект)
Индивидуални трошоци

За сопствен превоз се одбива 15 евра цената

Цени на факултативни излети:
-Посета на градот Керкира – 10 евра по лице
-Целодневен излет со автобус- 20 евра по лице
-Целодневно крстарење со ручек- 25 евра по лице

Пакет- Сите факултативи 50 евра по лице ( доколку се одлучите за пакет, имате заштеда од 5 евра по лице)

Попусти за деца:

    • Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
    • Дете од 4 до 11,99 години кое користи сопствен лежај има 50% попуст доколку е сместен во соба со двајца возрасни и дете.
    • За дете од 4 до 11.99 кога е сместен со еден возрасен во соба, се плаќа цела сума за детето