Атина 2НП – 8-ми Март

Термин06 Март

 

1 ДЕН  06.03.2020   СКОПЈЕ –АТИНА

 Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

 

2 ДЕН  07.03.2020 АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

 

3 ДЕН  08.03.2020  АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Враќање во хотел. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол…  Факултативно -8-мо мартовска традиционална грчка вечера . Ноќевање.

 

4 ДЕН  09.03.2020  АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место  Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

05ДЕН 10.03.2020   СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНАНА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2020: 109 евра / 6.760 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ119 евра / 7.380 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување на база  2 НП во хотел 3*
  • Организација на аранжманот и пратител на групата
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп,Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 175 ден
  • Разглед на градот (10€)
  • Факултативна посета на Пелопонез (30 €)
  • Вечера во Таверна (35€)
  • Посета на Пиреј и Сунион (10€)
  • Влезници за локалитетите и други факултативни посети
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на излетите и посетите по денови и сатници.

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

* Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.

*Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.