Мало парче рај, од мир и спокојност, создадено да Ви пружи незаборавно искуство.

Со надморска височина од 1100 метри, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини.

Точно овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.

Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина, збогатен со секојдневниот пој на птиците, припитомени во куќарките соецијално изработени за нив и потставени по боровите кои го опкружуваат комплексот, ресортот е вистинска хармонична бајка.

Со своите содржини како: world-class СПА центар, Ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет ѕвездено сместување, прекрасни базени, беспрекорна услуга од светска класа и богати и интересни планински содржини, го прават овој луксузен сепак интимен комплекс Вашето совршено бегство од секојдневието…

Фамилијарна Зимска Бајка во Аурора Ресорт & СПА

Тип на соба пакет на база  лесен полн пансион со изразени цени по лице од ноќевање
2 ноќевања 3 – 4 ноќевања 5 + ноќевања
Супериор 49€ 3,038,ооМКД 45€ 2,790,ооМКД 42€ 2.604,ооМКД
 Делукс / Џуниор Свит  59€ 3.658,ооМКД 54€ 3.348,ооМКД 50€ 3.100,ооМКД
Апартман / Арт Студио 65€ 4.030,ооМКД 59€ 3.658,ооМКД 55€ 3.410,ооМКД
Вила Апартман

(до 4 лица)

196€ 12.152,ооМКД 180€ 11.160,ооМКД 168€ 10.416,ооМКД

* Пакетот не важи за државни празници ;
* Пакетот важи за периодот 04.01.2021 – 31.03.2021

Пакетот вклучува:

  • Минимум две ноќевања во тип на соба по избор;
  • Лесен полн пансион (појадок + лесен ручек + вечера)
  • -20% попуст за користење на Спа услугите  – предмет на достапност и претходно закажување

3то возрасно лице – -20% попуст

Сместување: максимум 2 лица + 2 деца (0-11.99год) или 3 лица + 1 дете (0-11.99год)

*** Цените се изразени во Евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62,00 денари за 1 Евро;
*** Цените не вклучуваат осигурување и туристичка такса за престој (45 денари од лице по ноќевање за возрасен односно 5 денари по лице за деца до 12 години). Овој износ се плаќа на рецепција во хотелот;
*** Политика за сместување на деца е во согласност со регуларните правила на хотелот:
– дете на возраст до 2.99 год бесплатно;
– дете на возраст од 3 до 11.99 год. плаќа 10 евра по ноќ;
– второ дете на возраст од 3 до 11.99 год. плаќа 50% од цената за возрасен (важи за Делукс, Џуниор Свит и Апартман тип на соби);
– дете над 12 години плаќа 80% од цената за возрасен (се пресметува како 3-то возрасно лице во соба);
*** За резервација потребна е авансна уплата од 50% од вкупната цена на аранжманот. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 5 дена пред пристигнување;
*** Политика за откажување на резервацијата:
– 10 дена пред пристигнување – бесплатно;
– 10 до 5 дена пред датумот на пристигнување има задолжување од 50% од вкупната цена;
– 5 дена или покасно – се наплаќа целата сума на пакетот.
*** Влез во СПА центарот и користење сите негови содржини на деца под 10 години не е препорачливо. За деца од 10 до 12 год, придружба на родител е неопходна и е дозволено само користење на внатрешниот базен;