Босна за Велигден (3 ноќевања)

Тура за Велигден во Босна со 3 ноќевања во Сараево која е наменета за сечиј вкус, од историја и култура до природа и убавина. Нашите тури за Босна се доста познати и препознатливи. Босанските пирамиди, Сараево, Мостар, Врело буне, Тунел спаса, Бункерот на Тито, Вишеград, Андричград, Јабланица се дел од нашата програма, посета на православна црква во Сараево за христово воскресение. Во продолжение програмата…

План и програма

ПРВ ДЕН (21.04.2022) ЧЕТВРТОК

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

ВТОР ДЕН (22.04.2022) ПЕТОК

Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.Во Вишеград ќе имате можност да го посетите Aндричград исто така познат како и камен град кој инвеститор за тоа е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално бил отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка. Во договореното време групата продолжува во Сараево на разглед со локален водич. По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Moжност за посета на некој паб.
Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (23.04.2022) САБОТА

Денот започнува со појадок и во 09:00ч се упатуваме кон Тунел Спаса. Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. По посетата, се упатуваме кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османaгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Се верува дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. Слободно време за индивидуални активности во Сараево, кафе на Башчаршија, посета на Awaz Twist Tower или возење со жичара се наша препорака. Во 23:00ч посета на православна црква. Христово Воскресение. Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН (24.04.2022) НЕДЕЛА

Третиот ден започнува со појадок и во 08:00ч започнуваме со целодневна екскурзија. Првото место за посета е “Бункерот на Тито„ во местото Коњиц. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени,  но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. Патниците кои нема да го посетат бункерот, имат слободно време во Коњиц за кафе. По посетата на бункерот се посетува Јабланица. место каде што била четврата непријателска офанзива на НОВЈ во период од 20 јануари до 1 април 1943. Групата ќе има можност да го посети местото каде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Екскурзијата продолжува кон Мостар. Екскурзијата продолжуваме кон местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12км од Мостар, ВРЕЛО БУНА, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метра a Буна е лева притока на реката Неретва. Местото е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Исто така ова место е омилено за сите кои фотографери 😊 Групата има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности.
Последното место за овој ден е преубавиот МОСТАР. Групата се упатува кон стариот мост, каде можете да направите фантастични фотографии. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со  бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Овде групата има слободно време околу 2 ипол часа за прошетка или ручек а потоа Заминување кон Сараево. Ноќевање

ПОСЛЕДЕН ДЕН (25.04.2022)

Доручек во хотел. Заминување кон трговскиoт центар City City Centar (SCC). Слободно време за шопинг. Поаѓање кон Македонија околу 14:00ч. Пристигнување во Македонија после полноќ.

Сместување

Хотелско сместување со 3*

Хотелот ќе се одреди кога ќе се затвори продажбата за понудата.

Цени

Од21.04.2022

До25.04.2022

Местата се строго лимитирани

Цена

119 EUR

Што е вклучено во цената

-Автобуски превоз
-3 ноќевања во хотелско сместување со 3* со појадок во Сараево
-Посета на Вишеград и Андричград
-Разглед на Сараево со локален водич
-Туристички придружник

Што не е вклучено во цената

-Посета на Тунел Спаса- 15 евра од лице
-Посета на Босанските пирамиди (равно тунел)- 25 евра од лице
-Бункер на Тито- 15 евра од лице (не се зима одделно, само во склоп на пакет)
-Пакет (Јабланица, Врело Буне и Мостар)- 35 евра од лице
-Крстарење по Дрина- 5 евра од лице
-БОСАНСКИ ВИП ПАКЕТ (Тунел Спаса, Босански пирамиди,Бункер на Тито,Јабланица,Врело Буна, Мостар и Крстарење по Дрина)- 8
0 евра од лице
-Туристичка такса 3 евра од лице за 3 ноќевања- Се плаќа во автобус задолжително

Важно

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

-Т.А  издава ваучер за одложување на патување во случај:
-Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест),Затварање на граници и Виша силa
-Патниците при уплата се изјаснуват за користење на екскурзиите. Факултативните излети се уплаќат во автобус.
-За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
-За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
-Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на програмата доколку процени дека тоа е потребно и во полза на патниците.
-За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
-Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
-Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
-Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.

Факултативни излети

Крстарење по Дрина

5€

Босански пирамиди (тунел равно)

25€

Пакет (Јабланица, Врело Буна и Мостар)

35€

Босански ВИП пакет (Тунел Спаса, Босански пирамиди,Бункер на Тито,Јабланица,Врело Буна, Мостар и Крстарење по Дрина)

80€

Тунел Спаса

15€

Бункерот на Тито (не се зима одделно, само во склоп на пакет)

15€