БУДИМПЕШТА-ВИЕНА-СЕНТ АНДРЕА

ВЕЛИГДЕН

1 ден Четврток (16.04.2020) – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок со групата на Хотел Вип во 18.00 часот, тргнување  во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2 ден Петок (18.04.2020) – БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав.Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта Крстарење со брод на Дунав со вклучен пијалок шампањ или безалкохолен пијалок. Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.


3 ден Сабота(19.04.2020)-  БУДИМПЕШТА –ВИЕНА 
Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена -булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург и слободно време за индивидуални прошетки.лот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.


4 ден Недела (20.04.2020) – БУДИМПЕШТА-СЕНТ АНДРЕА-СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.
Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

РЕДОВНА ЦЕНА….119 евра

ПРОМО ЦЕНА со уплата до 15.03.2020

ПРОМО ЦЕНА 89 евра (со задолжителна резервација на пакет факултативи 50 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
*
Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации,
*Сместување во хотел 3*

*Придружник од агенцијата за време на патувањето,
*Организација и реализација на аранжманот

*Бесплатен трансфер од: Неготино, Кавадарци,Скопје,Штип и Куманово.

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

*Разглед на Будимпешта со локален водич – 10 евра
*
Крстарење со брод по Дунав – 15 евра
*Посета на Виена -25 евра
*Посета на Сент Андреа -10 евра
*Патничко осигурување-300 денари

СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ- со сите вклучени факултативи (разглед на Будимпешта,посета на Виена, посета на Сент Андреа и крстарење со брод) – 50 евра по лице (со резервација во агенција)
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Maртин.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни услови да ја промени програмата или да ги откаже излетите.
  • Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.