Термин 06 Март

1 ден  06.03.2020 СКОПЈЕ-ДРАЧ-БАРИ :Состанок на групата во 10.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски.. Поаѓање во 10:30ч.Се патува преку Албанија гр.Ќафасан кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во  22:30ч. Ноќно возење кон Бари.

2 ден  07.03.2020 БАРИ –ПОМПЕЈА-НЕАПОЛ- РИМ:Пристигнување во Бари во 08.00.  Продолжуваме кон  Рим, предлагаме факултативна посета на античкиот град Помпеја кој бил комплетно уништен и затрупан под пепел по катастрофалната ерупција на вулканот Везув во 79 г. Потоа одиме на прошетка низ Неапол :Плоштадите Данте и Белини. Пристигнување во Рим во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  08.03.2020  РИМ – ВАТИКАН – ТИВОЛИ: Појадок.  Предпладне  посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Потоа предлагаме прекрасен факултативен излет доТиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте.  Враќање во Рим. Слободно попладне за ручек, кафе и индивидуални активности… Предлагаме вечерна прошетка Roma by nightНоќевање.

4 ден  09.03.2020 РИМ  – МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА:Појадок. Предпладне предлагаме разглед на Рим со локален стручен водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Фонтана Ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот… Поаѓање за Монтекатини. Пристигнување во Монтекатини во попладневните часови. Сместување во хотел. Препорачуваме вечерна посета на Пиза – Разглед на плоштадот Plazza Dei Miracoli на кој се наоѓа Кривата Кула,  катедралата Santa Maria della Spina, крстилница Св.Јован. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден  10.03.2020 МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА-СКОПЈЕ:Појадок. Одјавување од хотел.  Заминуваме на   факултативна посета на Фиренца. Можност да уживате во ренесансниот град: мостот Векио, црквата Санта Кроче, Катедралата, плоштадот Сињорија, Палацио Векио, Галеријата Уфицио… Во вечерните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.

6 ден 11.03.2020  СКОПЈЕПристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2020  : 239/  14.82ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 269/  16.68ден

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ !!!

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Драч – Рим-Скопје
  • Превоз со брод на релација Драч-Бари ( укрцување  на брод)
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Рим(околина)
  • 1 ноќевање во хотел 3* НП воМонтекатини
  • Посета на Неапол со водич
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци(Дреново), Струмица, Штип, Велес, Охрид,

(Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 1 ден пред терминот на поаѓање)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  210 денари
  • Разглед на Рим со локален водич 15 €
  • Посета на Помпеа со влезница и водич 25 €
  • Задолжителана посета на Фиренца   30€
  • Излет Roma by night 15€
  • Посета на Ватикан(резервација, превоз, водич, влезница,слушалки) 50€
  • Излет Тиволи ( превоз, водич, влезница) 25€
  • Вечерна посета на Пиза 10 €
  • Доплата за бродска кабина Драч-Бари  – 15 €
  • Туристичка такса  Рим 6€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса  Монтекатини 2€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба – 3.720 ден

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање