КРФ – ИПСОС

Вила АЛЕКСАНДРОС

Вилата се наоѓа на 150 метри од плажа на Ипсос – Крф. Целосно реновирана оваа година, со убав и голем двор со зеленило. Близу до плажа, а сепак мирен дел на Ипсос.

Напомена: Заради реновирањето сликите од вилата ќе бидат објавени наскоро.

Вила Александрос располага со:

  • 8 студија за 2 лица
  • 3 студија за 3 лица
  • 1 апартман за 5 лица дуплекс (со посебни спални)

Сите се опремени со сопствена кујна која е комплетно опремена, тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата, 6 евра од ден)

 *** За сите излети организирниот превоз ќе чека на 50 тина метри од вилата

АРАНЖМАНОТ ЛЕТО НА КРФ ВКЛУЧУВА:
  • 7 ноќевања, 8 дена на Крф/Ипсос
  • Автобуски превоз Скопје – Крф – Скопје
  • Траект/брод Игуменица – Крф – Игуменица
  • Превоз и прошетка до градот Крф
  • Придружник за време на патувањето и во текот на 8 дена на Крф, организиран престој и дополнителни бенефиции
АРАНЖМАНОТ ЛЕТО НА КРФ НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Патничко и здравствено осигурување 250ден.
  • Организиран излет со превоз на плажата Глифада – 12 евра
  • Еднодневен излет со брод (крстарење по североисточниот брег со вклучен ручек и пијалак) и посета на неколку плажи – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август
  • Еднодневен излет до Палеокастрица и Сидари ( посета на повеќе плажи, туристички атракции и beach барови) – 20 евра
  • Посета на Акваленд со вклучена влезница и превоз – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август
  • Еднодневен излет со брод (крстарење низ неколку мали острови, посета на плажата Blue Lagoon и посета на градчето Сивота)
  • Еднодневен излет со брод (крстарење по југоисточната обала и посета на прекрасните острови Паксос и Антипаксос и посета на сините пештери) – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август
НАПОМЕНА:
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена
  • За споен термин, се плаќа редовата цена за првиот термин, а се одземаат 20 евра по лице за превозот од редовната цена на вториот термин (за цените со попуст се намалува само 10 евра по лице)
  • Термините во  табелата се ден на тргнување од Скопје
  • Седиштата се нумерирани
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф (за цените со попуст се намалува само 10 евра по лице)
  • Трето лице на дополнителен кревет плаќа 70% од цената (Има можност во вила Јулианос)
  • Користење само на превоз со вклучена траект карта е 70 евра
  • За дете до 2 год. бесплатно, не користи кревет и седиште во автобус
  • За дете од 2 до 11.99 год. на дополнителен кревет се плаќа 50% од цената