Д У Б А И

Март и Април
4, 5 и 7 ноќевања

*** Други термини по Ваша желба во консултација со наш претставник ***

Дубаи, втора по големина од седумте емиратски држави, со која управува семјството Ал Мактум. Дубаи не само штопретставува центар на трговијата и индустријата на ОАЕ, туку во последните неколку години доста вложува во развојот на туристичката дејност.
Комбинацијата од најквалитетни хотели, белите плажи на “Jumeriah Beach”
, чистиот луксуз, фантастичните архитектонски проекти и ориенталната атмосфера го претвараат секое патување во незаборавно доживување. Посетителите на овој сигурен арапски микрокосмос можат да пронајдат префектно организирани услуги, висока технологија, недопрена природа, светлосни палати, фантастичен подводен свет – или едноставно сите контраси који го исполнуваат срцето на еден светски патник.

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕТО

1.ДЕН – СОФИЈА– ДУБАИ
Состанок со групата на аеродромот во Софија  два часа пред летот, индивидуално чекирање на летот и багажот, обавување на царинските и пасошките формалности. Полетување за Дубави со авио компанијата Fly Dubai. Слетувањето во Дубаи. Следи трансфер до хотелот. Слободно време. Ноќевање.

2 – 5,6,7. ДЕН – ДУБАИ

За време на вашиот престој во Дубаи ќе имате прилика факултативно да ги посетите некои од најпознатите и најубави знаменитости на овој град и неговата околината
Burj Khalifa – најголемата зграда во светот со височина од неверојатни 828м, која најпрво требала да го носи името Burj Dubai, меѓутоа во чест на шеикот Khalifa al Nhjana е преименувана во Burj Khalifa. Облакодерот има 160 спрата, во него се сместени околу 1000 станови, канцеларии на 40 спрата, хотелот на Армани, како и прекрасната тераса на 124-тиот спрат.

Burj Al Arab – веќе со години е еден од симболите на раскошниот Дубаи, Burj al Arab преставува ултра луксузен хотел кој се смета за првиот хотел со 7* на светот. Сместен е на вештачкиот остров заедно со плажата Jumeriah. Островот со копно е поврзан со мост по кој можат да се движат и автомобили.
Музејот Дубаи – изграден на почетокот на 19.век и се смета за најстара градба во Дубаи. Првобитно бил користен како седиште на гувернерот, а од 1971 је прогласен за музеј. Го зафаќа просторот на тврдината Al-Fahidi во пределот Dubai Creek. Во музејот се изложени збирки од слики кои ја преставуваат историјата на Дубаи и сите фази на неговата експанзија, потоа традиционални оружја користени на овие простори, како и збирка посветена на морето и неговото значење во овие пустински предели и слики од старите бродови који биле користени за транспорт и трговија.

Palm Jumeirah – моментално најголем вештачки остров на светот, кој е граден во облик на палма со стебло и 17 листови, опкружен со мали островчиња кои во целина даваат облик на круг.

Abu Dhabi – главен град на Обединетите Арапски Емирати, кој воедно претставува и еден од најмодерните градови во светот. Abu Dhabi е град кој нуди километри чисти песочни плажи и повеќе од 200 мали острови. Ќе ја посетиме една од најголемите новоизградени џамии во светот која прима 40.000 верници, потоа ќе прошетаме низ резиденцијалниот кварт, застанувајќи во Heritage Village – комплекс во кој на едно место ќе видите се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локални обичаи. Потоа следува посета на модерен трговски центар со слободно време за ручек и шопинг. Враќање назад кон Дубаи во попладневните часови со застанување и кратка посета на новата атракција – Ferrari World.

Jeep Safari – Зајдисонце на црвените дини со вечера во автентичен амбиент – во бедуински камп и ориентални мотиви. Можност за јавање на камили.
Трговски центар Mall of the Emirates – најголем шопинг центар на Блискиот исток, кој го сочинуваат преку 350 продавници, но и многу други содржини како што се разни тематски паркови, ресторани, кино сали, па дури и зимско скијалиште на затворено – Ski Dubai
Крстарење со брод (Show Cruise) – Прекрасно крстарење по заливот на Дубаи со вклучена вечера.

Ski Dubai – чудесно зимско скијалиште на затворено во сред пустина каде што во летните месеци може да се скија и на температури од над 40 степени целзијусови. Скијалиштето се наоѓа во трговскиот центар Mall of the Emirates, содржи 5 различни стази со вештачки снег со вкупна должина од 22.500 метри.
The World – архипелог со околу 300 мали вештачки острови кои се градени во облик на земјата. Секое островче претставува една држава, а нивниот распоред потсеќа на обликот на планетата Земја. Архипелогот се наоѓа на околу 4км оддалеченост од брегот и сите острови се на продажба. Целиот проект сеуште не е финално готов, меѓутоа е во завршна фаза.

6,7,8 ДЕН – ДУБАИ – СОФИЈА
Трансфер до аеродромот во Дубаи. Чекирање на летот за Софија. Слетувањето во Софија.

 

*** ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ *** 

Сместување Услуга Ноќевања
4 5 7
Термин 29.03 – 02.04
12.04 – 16.04
29.03 – 03.04
12.04 – 17.04
29.03 – 05.04
12.04 – 19.04
Millennium Al Barsha Mall 4* BB 519€ 539€ 589
Hilton Garden Inn Dubai Mall 4* BB 519€ 539€ 589€
Hotel Wyndham Dubai Marina 4* BB 589€ 599€ 669€
JA Ocean View JBR 5* BB 619€ 659€ 759€
Sofitel Dubai JBR 5* BB 769€ 869€ 1019€

***по завршување на промотивниот период, цените се зголемуваат за 150€***

*** НЕ Е ПОТРЕБЕН МИНИМУМ БРОЈ НА ПАТНИЦИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО***

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Повратен авио билет на релација СОФИЈА – ДУБАИ – СОФИЈА со авио компанијата FLY DUBAI
  • Рачен багаж до 7 кг по лице
  • Ноќевање со појадок во избранито хотел
  • Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром.
  • Сите аеродромски такси
  • ВИЗА 

 

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • НЕГАТИВЕН PCR тест не постар од 96ч
  • EXIT PCR тест за враќање (посредува агенцијата за тестирање во Дубаи)
  • Трансфер од Скопје до аеродромот во Софија и назад
  • Градска такса, која се плаќа на рецепција во хотел (хотели со 4* 15 дирхами по соба по ноќ, хотели со 5*– 20 дирхами по соба по ноќ)
  • Факултативни излети и влезници
  • Задолжително патничко здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО патничко здравствено осигурување – 10€

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Miracle Gardens + Global Village – 50 eur – Глобалното село или „Global Village“ е наречено затоа што идејата е да се претстави  мултикултурен и мултиетнички живот во Дубаи. „ Global Village “ е прекрасно место за одмор, забава и релаксација за целото семејство каде ќе можете да уживате во дневното шоу бројни изведувачи од целиот свет. Тоа е една од најголемите цветни градини во светот со повеќе од 100 милиони примероци, и се наоѓа во средината на пустината. Овој прекрасен парк со цвеќиња се наоѓа во Ал Барша 3 во новиот дел од Дубаи. Во овој цветен парк можете да ги видите и двата најголеми цветни скулптури во светот – Емирати Ербас А380 авион и цветна скулптура на Мики Маус во природна големина, како и куќи, мостови, автомобили и многу други форми  направени од милион цвеќиња чии перформанси се доведени до совршенство. Оваа прекрасна цветна градина во Дубаи е романтична дестинација и една од најфотографираните знаменитости на светот.
  • Панорамски разглед + Фонтани + Shopping Dubai Mall – 45 eur – Турнејата започнува од луксузниот хотел Бурџ Ал Араб, единствениот хотел со 7 starвезди во светот, каде ќе направиме пауза за фотографирање. Тоа е хотел изграден во форма на едро и претставува синоним за Дубаи и Емирати, што беше целта на шеикот кога сакаше да го изгради овој хотел. По Бурџ Ал Араб, правиме кратка пауза за кафе во прекрасната зграда „ Jumeirah Madinat “ или исто така познат како „Арапска Венеција“ или „Мала Венеција“ во арапскиот свет. Тоа е еден фасцинантен комплекс хотели меѓусебно поврзани со канал преку кој можете да пловите со традиционални гондоли. Продолжуваме со обиколката и одиме на најголемиот направен архипелаг со човечка рака во овој дел на светот и кој го носи името «ПАЛМА». Ќе видите  видите луксуз, облакодери каде на гранките на палмите има приватни вили со свои приватни плажи. На на крајот застануваме на локацијата “The Pointe” од каде има прекрасен поглед кон хотелот “Atlanits i Palm Jumeirah”. Тоа е хотел кој има форма на Кралската палата на Дизни до кој се пристигнува преку тунел направен под морското дно. Последната точка на нашето разгледување на оваа турнеја е Дубаи Мол, најголемиот трговски центар во светот со посета и прекрасен поглед на разиграната фонтана.За време на вашиот престој во Дубаи Мол, по избор можете да го посетите видиковецот лоциран на 124 и 125 кат во Burj Khalifа, највисоката зграда во светот со фасцинантен поглед на целиот Дубаи. (40 еур се доплаќа на лице место)
  • Крстарење со луксузна јахта – 75 eur – Крстарење кое трае 2 часа, со луксузна јахта покрај брегот, со фасцинантна панорама најубавите делови на Дубаи од каде може да се види зошто ДУБАИ е еден од најпосетуваните градови во светот. Како дел од крстарењето, ќе направиме пауза за кратко пливање.
  • Kite Beach + Dubai Creek – 30 eur – Дубаи исто така може да се пофали со плажа која апсолутно потсетува на многу плажи од Калифорнија – Kite Beach е една од најубавите јавни плажи во Дубаи. Песочна плажа со поглед кон Бурџ ал Араб, богата со шарени тезги на кои се продаваат храна, пијалоци и многу други сувенири. Влезот на плажа е бесплатен, а изнајмувањето чадор и две лежалки чини 180АЕД. Дефинитивно можете со себе да носите и свои пешкири на плажа.Ако го барате можеби најубавиот зајдисонце во Дубаи, локацијата е пристаништето Дубаи Крик (DCH). DCH сè уште е во фаза на изградба и ќе претставува нов комплекс на станбени и комерцијални згради но и простор за одмор и забава. DCH исто така ќе ја смести и највисоката зграда во светот, повисока и од Burj Khalifа – Dubai Creek Tower.
  • Safari Dubai – 50 eur – Не сте биле во Дубаи ако не сте го доживеале пустинскиот сафари. Сафари е еден од највозбудливите, најатрактивните и најбараните атракции во целокупната туристичка понуда во Дубаи. Уживајте во возењето по песочните дини и потоа опуштете се во пустинскиот камп. Крунисајте ја оваа возбудлива авантура со прекрасна програма во која ќе уживате со стомачен танц, традиционален египетски танц и многу други незаборавни активности. Искусете традиционално цртање со кна, јавање камила, фотографија со сокол и со низа други содржини подготвени од искусни професионалци.