Дојдете во Охрид и почувствувајте го пулсот на длабоките наслаги од времето, фатени во постојаната игра на езерото што ви ја дава погледот од нашиот хотел. Лоцирани сме во строгиот центар на градот, на само 5 метри од брегот, на едно од најубавите природни езера на планетата Земја – Охридското езеро.

Погледот од нашите соби ќе ве направи да се чувствувате како дел од духот на традицијата, дел од градот, од срцевината. Убавината и удобноста на собите, хотелскиот амбиент, неговиот ентериер и екстериер ќе направат да се вратите повторно.

Ценовник

Тип на соба 01.07.2020-01.09.2020 01.09.2020-30.12.2020
Еднокреветна соба 50 евра 40 евра
Двокреветна соба 60 евра 50 евра
Трокреветна соба 70 евра 60 евра
Suite 85 евра 75 евра

Цените се по соба на база ноќевање со доручек

Деца до 8 години – бесплатно

Деца од 9-16 години – по 10 евра на ден

Во цената е вклучена туристичка такса