Хотелот Бистра е сместен во подножјето на планината Бистра, близу до Мавровското езеро и три жичари, кои водат до прекрасните скијачки терени. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.
Хотелот поседува 118 кревети во удобно уредени соби со џакузи кади и тушеви, телефон и ТВ.
Ресторанот нуди богат избор на исклучителни специјалитети од морска храна и традиционални јадења.
Придружете ни се во хотелскиот бар, во моментите на релаксација. Ќе имате можност да сретнете нови луѓе и да поминете квалитетно време со Вашите пријатели.
За сите кои сакаат да се освежат, хотелот има одличен базен.
Тој е идеален за подобрување на вашата кондиција, за забава или само за освежување на крајот од денот. Уште една можност за релаксација нуди и нашето џакузи.
За сите вас кои сакате спортски активности, хотелот нуди целосно опремен фитнес клуб за рекреација.
Во хотел Бистра можете максимално да се релаксирате со сауна. Пространата сауна Ви е на располагање за одмор, релаксација и разговор, Хотел Бистра располага и со игротека за најмладите гости.
Цени валидни до 14.12.2020
Двокреветна соба од Недела до Четврток на база ноќевање со појадок
-Стандард соба – 50 EUR
-Делукс соба со џакузи – 70 EUR
Еднокреветна соба од Недела до Четврток на база ноќевање со појадок
-Стандард соба – 29 EUR
-Делукс соба со џакузи – 39 EUR
Двокреветна за Петок и Сабота на база ноќевање со појадок
-Стандард соба – 60 EUR
-Делукс – 80 EUR
Еднокреветна соба од Петок и Сабота на база ноќевање со појадок
-Стандард соба – 35 EUR
-Делукс соба со џакузи – 45 EUR