Ви го претставуваме Хотел Дрим****, релаксирачки и комфорен, сместен меѓу природните убавини на градот Струга.

Струга се разликува од останатите градови со својот мултикултурен, разноврсен и смирен карактер.

Во раздвиженото срце на оваа фасцинантна мешавина на различни стилови на живот, обичаи, традиции и културно наследство, Хотел Дрим ги отворa своите врати во 1977 година.

Прекрасно поставен на брегот на Охридското Езеро и неговиот истек во реката Црни Дрим, хотелот со 200-соби е опкружен со уникатноста на живата Струга, нудејќи не само место да се почуствувате како дома и да се релаксирате, туку и место што ќе Ве стимулира и инспирира.
Добредојдовте во Вашиот Хотел Дрим.

Хотел Дрим искуството започнува во моментот кога ќе пристигнете низ вратата на хотелот и го откриете нашиот свет.

Одразувајќи ја енергичната и препознатлива околина, уникатните вкусови на Струга се вградени во ѕидовите на Хотел Дрим, со што патувањето во овој град е повеќе од едноставна посета. Тоа ќе биде Вашето персонално искуство, овозможувајќи ви да пристигнете како турист и си заминете како да сте биле тука со години. И ако навистина сакате да одите на “локален” начин, зошто да не ја одберете нашата понуда од возење со еден од нашите велосипеди и разгледате наоколу?

Хотел Дрим ги комбинира врвно професионалниот со личниот пристап, овозможувајќи внимателна и некомплицирана услуга.

Уживајте во срцето на хотелот и релаксирајте се со кафе или чаша вино во Лоби барот или искусете возбудлива кулинарска вечер во еден од нашите ресторани.

Сместување:

Доколку сакате, пространи, комфорни, стилски уредени соби, Хотел Дрим е вистинското место за Вас. Со своите:
-186 стандардни соби,
-10 фамилијарни апартмани,
-2 јуниор апартмани и
-2 Делукс апартмани,

Хотел Дрим Ви овозможува врвно уживање за оптимална цена.

Ценовник:

Ноќевање со појадок 22 евра од лице

Ноќевање со појадок и вечера 27 евра од лице

Деца до 7 години – гратис

Деца над 7 години – 50% попуст