Hotel Izgrev Spa & Aquapark е лоциран во Струга, на самиот брег на Охридското езеро. Во неговата понуда се вклучени отворен и затворен базен. Исто така, гостите имаат бесплатен пристап до аква паркот во склоп на хотелот, бесплатен приватен паркинг и бесплатен ви-фи интернет.Хотелот располага со сопствена приватна плажа, и користењето на лежалките е бесплатно за гостите на хотелот.

Сите соби во хотелот се климатизирани, опремени се со flat-screen ТВ, и имаат балкон. Тоалетите имаат туш кабина или када, сите се опремени со фен за коса. Од собите се пружа поглед кон езерото. Одредени соби располагаат со камин, приватен базен и сеф.

Во à-la-carte ресторанот се служи традиционална или интернационална кујна. Исто така, гостите на хотелот можат да се опуштат во барот кој се наоѓа покрај надворешниот базен.

Hotel Izgrev Spa & Aquapark располага и со ултра модерен спа и велнес центар кој опфаќа сауна, парна бања, турска бања, соби за масажа, фитнес центар. Хотелот располага и со терени за тенис и мини голф.

Ценовник за термини од 15.04.2021 до 31.05.2021

  • 25 € по лице во двокреветна соба на база ноќевање со појадок
  • 37.5 € во еднокреветна соба на база ноќевање со појадок
  • 67.5 € цена за три лица во трокреветна соба на база ноќевање со појадок

*едно дете до 6.99год – бесплатно

*едно дете до 7 -11.99 год плака 50% од цената на возрасен

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Ноќевање со појадок
  • Користење на Spa центар (внатрешен базен, фитнес, сауна, турска бања)

 Важна напомена:

Аква паркот нема да работи од 15.04 до 31.05.2021

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ