Конак е модерен планински објект базиран на традиционален изглед. Особено задоволство ќе Ви овозможи ентериерот на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен поглед на скијачките терени. На платото пред објектот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број сончеви денови кои се главна одлика на скијачкиот центар Попова Шапка.
На своите гости им нуди : 16 соби, ресторан, ски кафе, конференциска сала, сауна, интернет и тв, ски и сноуборд школа, ратрак и моторни санки.
Период на престој | Цена за 1 НП |
Декември 2020 год. | 1.200 ден |
Јануари 2021 год. | 1.300 ден. |
Февруари 2021 год. | 1.200 ден. |
Март 2021 год. | 1.200 ден. |
Дадените цени се по лице за 1 ноќевање и вклучуваат :
- Појадок
- Користење на сауна
- Интернет
- Паркинг
Деца до 5.99 год. со 2 возрасни – бесплатно
Деца од 6-11.99 год. со 2 возрасни – 50% попуст
Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)