Хотел Маива, категоризиран како Хотел со 4 ѕвезди, е нов објект, кој се наоѓа во туристичката населба Св. Стефан и е на само 50 метри од езерската шир и 150 метри од Хотел Климетица. Претставува објект со современ ентриер – Ви нуди комфор, удобност – прекрасно место за одмор и релаксација, како и споделување пријатни мигови.

Хотел Маива располага со 30 луксузни студија, опремени со француски лежај и гарнитура за дневен престој, со плазма и сателитска ТВ, мини бар и тераса со поглед на езеро.

Исто така, хотелот располага и со Kристална сала со 150 седишта во кој ќе можете да уживате во разновидноста на специјалитети од национална и интернационална кујна во прекрасен амбиент во кој можете да ги прославите вашите свечености, коктел забави или деловни приеми.
Во склоп на хотелот работи и кафе бар со тераса, каде ќе можете да се релаксирате за време на Вашиот престој.

Цени за Јануари 2021/ по лице

* Ноќевање со појадок – 1200 денари
* Ноќевање со појадок и вечера – 1500 денари
– Во цената е вклучено и користење на СПА центар

– Деца до 4.99 – гратис
– Деца од 5-11.99 – 50% попуст