Хотел Молика се наоѓа на Баба планина во Националниот парк Пелистер. Самата местоположба на хотелот овозможува поглед на градот Битола и околината.

Во склоп на хотел Молика функционира и скијачкиот центар Копанки, кој располага со една двоседа жичара – Бегова чешма и еден ски лифт – Копанки.

Должината на жичарата и ски лифтот изнесува 1326 метри со капацитет од 1133 скијачи на час. Двете скијачки патеки се со средна тежина и нивната должина изнесува 1341 метар со површина од 53640 м2.

Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.

Хотелот Молика претставува капацитет од трета категорија (3 звезди ***) , кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува. Спојот на дрво и мермер, олицетворение на замислата на дизaјнерот овозможува со престојот во хотелот, секој посетител да ја почуствува топлината и душата на објектот во сите делови.

Хотел Молика претставува угостителско туристички капацитет сместен на 1420 метри надморска висина во срцето на Националниот парк Пелистер.

Располага со 57 соби од кои :

  • три апартмани
  • три трокреветни соби
  • останатите соби се двокреветни соби, двокреветни соби со детски лежај и соби со француски лежај.

Покрај тоа во склоп на хотелот работи и :

  • ресторанска сала со капацитет од 170 седишта
  • две семинарски сали секоја со капацитет за околу 40 учесници
  • банкет сала со 15 – 20 седишта, како и
  • летна тераса со 80 седишта

Следејќи ги активно сите случувања мора да се истакне дека за хотелот “Молика” не постојат сезони во неговото работење. Напротив во секое годишно време и сезона Националниот Парк “Пелистер” е возбудлив и прекрасен.

Како последица на тоа Хотелот “Молика” е прилагоден кон сите видови на туризам кои во современиот свет земаат се поголем замав.

Есенска Промотивна Понуда

од 01.10.2020 – 15.12.2020 година

Сместување на основа Ноќевање со појадок (BB)
Тип на соба 4 ноќевања 5 ноќевања
Двокреветна соба 3440 денари 4300 денари
Еднокреветна соба 3960 денари 4950 денари
Апартман 3960 денари 4950 денари
Сместување на основа Полу пансион  (HB)
Тип на соба 4 ноќевања 5 ноќевања
Двокреветна соба 4400 денари 5500 денари
Еднокреветна соба 4920 денари 6150 денари
Апартман 4920 денари 6150 денари
Сместување на основа Полн Пансион  (FB)
Тип на соба 4 ноќевања 5 ноќевања
Двокреветна соба 4720 денари 5900 денари
Еднокреветна соба 5240 денари 6550 денари
Апартман 5240 денари 6550 денари