Изграден во далечната 1971 година а комплетно реновиран и дограден во 2018 година.
Новиот и ултра модерн хотел има капацитет од 48 до 54 легла.

Во однос на тоа на располагање се:
12 двокреветни соби
2 трокреветни соби
• и 8 апармани од кои 2 луксузни.

Архитектонски одлично решени и испланирани, ентериерно модерно спремени со спој на дрво и камен, секоја соба и апарман е со прекрасен поглед на градот. Сите соби и апармани се опремени со: централно ладење и греење, ТВ; интернет, кабловска со 70 програми, мини бар,сеф,
Освен ова, луксузните апармани се збогатено со камин и самостоечки кади во спалната соба.

Ценовник

Тип на соба Ноќевање со доручек
Еднокреветна соба 54 евра
Двокреветна соба 63 евра
Супериор соба 72 евра (цена за двајца)
Јуниор апартман 90 евра (цена за двајца)
Делукс апартман 108 евра (цена за двајца)

Во цената е вклучено доручек, користење на СПА центарот, интернет,
телевизија, паркинг, ДДБ, туристичка такса, осигурување, complementarity
café и вода по собите и 10% попуст во Lounge Bar Alto кој се наога на
ски терените во Крушево.

Во супериор, јуниор и делукс апартман има опција за сместување на трето
возрасно лице и се доплака 10 евра по ноќ, или кога станува збор за
фамилија со две деца, за деца до 8 години е бесплатно, за деца над 8 години
се доплака 10 евра за дете по ноќ.

Доколку сакате дополнителен оброк ручек или вечера цената е 10 евра по
лице и е на база сет мени (предјадење, главно јадење, десерт и еден
безалкохолен пијалок). За деца до 8 години се доплака 5 евра и добиваат
пола порција, за деца над 8 години е исто како и за возрасен.