Хотелот Скардус нуди релаксација и удобност во сите сезони. Зимската убавина, фасцинантната природа, свежината на зимата даваат прекрасна и релаксирачка панорама. Хотелот со 4 sвезди нуди пријатна атмосфера, при што големо внимание се посветува на испреплетеноста на модерното и традиционалното.
Хотел Скардус нуди висококвалитетни услуги со капацитет од 140 кревети, организирани во повеќе типови стандардни и апартмани, каде 2 ВИП Апартмани се опремени со сауна.
Посебно внимание се посветува на ресторанот, каде можете да се послужите со различна храна со висок квалитет и одличен вкус.
Покрај ресторанот, барот и две конференциски сали, кои се опремени со сите професионални услови за одржување состаноци, семинари и конференции, хотелот располага и со Спа центар со два базени (за возрасни и деца), три сауни и фитнес центар. Масажи се нудат на барање.

Цени валидни за период на престој 01.11-20.12.2020

Тип на услуга Цена
Полупансион 34€

 

Цени валидни за период на престој 21.12.2020-31.03.2021

Тип на услуга Цена
Полупансион 43€

Дадените цени се по лице за 1 ноќевање и вклучуваат :

  • Појадок и вечера
  • Користење на базени и СПА Центар
  • Интернет
  • Паркинг

Деца до 4.99 год. со 2 возрасни – бесплатно
Деца од 5-11.99 год. на доп.легло – 50% попуст

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)