Хотел Тино Свети Стефан, со директен поглед на Охридското езеро од пријатните и модерни соби и апартмани, опкружен со прекрасна природа, а близу до плажа, претставува совршен избор за прекрасно и незаборавно доживување.

Дополнителни информации:

Цените се изразени по лице
Деца до 12 год–гратис (во двокреветна соба, максимум 2 деца)
Услуги вклучени во цените: појадок и вечера, користење на внатрешен
базен, детски базен, надворешен базен (лежалки, чадори), спа центар со
џакузи, сауна и парна бања, детско игралиште, пинг понг маса, билјард
маса, конференциски сали (за настани), Wi-Fi, паркинг пред хотелот.
Можност доплата за масажи, третмани и солариум.
Собите во хотелот се реновирани во 2020 год.
Доплата за полн пансион – 9 евра по лице по оброк (избор по желба – предјадење,
главно јадење и десерт), мени во прилог.
Цените се со вклучен ДДВ.
Во цената не е вклучена туристичка такса.