ЛЕТО НА КРФ 2017 – CORFU SAGA vol.4

Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф. Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 km северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 km). Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 km). Зафаќа површина од 614 km2 и население од 102.000. Главен град е Крф, 40.000 жители.

ЛЕТО НА КРФ 2017 – CORFU SAGA vol.4

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување, островот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима и на локалните пијалаци како пиво од ѓумбир и ликерот kumquat. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите.

ТЕРМИНИЦЕНА НА

АРАНЖМАНОТ

02.06-11.06.17Промо 129€
11.06-18.06.17Промо 129€
18.06-25.06.17129€
25.06-02.07.17149€
02.07-09.07.17149€
09.07-16.07.17149€
16.07-23.07.17209€
23.07-30.07.17209€
30.07-06.08.17209€
06.08-13.08.17209€
13.08-20.08.17209€
20.08-27.08.17209€
27.08-03.09.17209€
03.09-10.09.17149€
10.09-17.09.17129€
17.09-24.09.17129€
24.09-01.10.17129€

Aранжманот вклучува:

  • 7 ноќевања, 8 дена на Крф/Ипсос
  • Автобуски превоз Скопје – Крф – Скопје
  • Траект/брод Игуменица – Крф – Игуменица
  • Туристичка такса
  • Превоз и прошетка до градот Крф
  • Организиран излет со превоз на плажата Глифада
  • Придружник за време на патувањето и во текот на 8 дена на Крф, организиран престој и дополнителни бенефиции

Aранжманот не вклучува:

  • Патничко и здравствено осигурување
  • Еднодневен излет со брод (крстарење по североисточниот брег со вклучен ручек и пијалак) и посета на неколку плажи – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август
  • Еднодневен излет до Палеокастрица и Сидари ( посета на повеќе плажи, туристички атракции и beach барови) – 20 евра
  • Посета на Акваленд со вклучена влезница и превоз – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август
  • Еднодневен излет со брод (крстарење низ неколку мали острови, посета на плажата Blue Lagoon и посета на градчето Сивота)
  • Еднодневен излет со брод (крстарење по југоисточната обала и посета на прекрасните острови Паксос и Антипаксос и посета на сините пештери) – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август

Напомена:

  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена
  • За споен термин, се плаќа редовата цена за првиот термин, а се одземаат 20 евра по лице за превозот од редовната цена на вториот термин (за цените со попуст се намалува само 10 евра по лице)
  • Термините во  табелата се ден на тргнување од Скопје
  • Седиштата се нумерирани
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф (за цените со попуст се намалува само 10 евра по лице)
  • Трето лице на дополнителен кревет плаќа 70% од цената (Има можност во вила Јулианос)
  • Користење само на превоз со вклучена траект карта е 70 евра
  • За дете до 2 год. бесплатно, не користи кревет и седиште во автобус
  • За дете од 2 до 11.99 год. на дополнителен кревет се плаќа 50% од цената
Ден 1

ГЛИФАДА

Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои со природната убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

Ден 2
 

ОСТРОВСКА ТУРА

Aко природниот рај има име тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица, место богато со историја, богато со природна убавина и преубави плажи. Ладната и бистра вода се карактеристични за Палеокастрица која е најпопуларна меѓу нуркачите и истражувачите на морскиот свет.

Сидари пак е познато по легендарниот канал на љубовта, местото каде природата создала свои траги што ќе се најдат во сечиј фотоапарат. Фантастичните геолошки формации создадени од морето и сонцето ќе ве остават без здив.

Ден 3

ГРАДОТ КРФ

Крф е познат по специфичната архитектура, што е најзабележливо гледајќи го Листон – колонада преполна со кафулиња што се протега по самиот раб на Спинадата (плоштадот), парк со терен за крикет, неколку павиљони како и градското собрание. Неодамна реновираната палата на св. Михаил и Ѓорѓи која била дом на Британскиот гувернер, седиштето на Јонскиот сенат, како и родното место на Војводата од Единбург. Повеќе пати освојуван од разни култури, најмногу европски. Затоа може да кажеме дека овој прекрасен град пред се има шмек на Лондон, Париз и Венеција.

Ден 4

КРСТАРЕЊЕ

Излет со брод со вклучен ручек, целодневно шармантно и релаксирано крстарење по североисточниот брег на Крф. Отпловувајќи од Ипсос, денот започнува со забавна музика, уживање во природата и посетување на многу интересни и преубави места: пештера стара 200 години, рибарско гратче Касиопи со 300 години стара тврдина, плажата Лумнопула која во превод значи мало езеро и која има прекрасна зеленкасто тиркизна боја како и попатни интересни информации за островот. Убава можност да се види природната граница на Јонското и Јадранското море која впечатливо е отцртана со зеленкаста боја, плажите на Албанија како и по некој делфин подготвен за фотографирање.

Ден 5

АКВА ПАРК

Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.

Ден 6

BLUE LAGOON И СИВОТА

Излет со брод со вклучен ручек, целодневно и релаксирано крстарење. Крстарење околу малото пристаниште во селото Сивота и можност за посета на големиот број продавници. Посета на blue lagoon (сината лагуна) со јасно кристална вода, каде е снимен истоимениот филм. Посета на историската морска пештера Papanikolis.
Бавно крстарење околу многу мали живописни островчиња и убава можност за разладување во преубавата тиркизна вода.

Ден 7

ПАКСОС, АНТИПАКСОС И СИНИТЕ ПЕШТЕРИ

Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода. Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини. Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва. Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. По Сините Пештери, се продолжува кон малиот остров Антипаксос. Прекрасна можност за пливање, уживање во песочните плажи на Антипаксос  и релаксирање под топлото сонце.

По Антипаксос, се упатуваме кон главниот остров Паксос. Влегуваме во пристаништето на Gaios (Гаиос) каде се минува низ островите Panagia (Богородица) и Agios Nikolaos (Свети Никола). Прекрасна можност за прошетка низ прекрасните тесни улички како и ручек во еден од традиционалните таверни со поглед на море.

Вила АНДРЕАС

Овој комплекс на апартмани се состои од две куќи со надворешен базен и прекрасна зелена околина скриена од очите на останатите туристи, а сепак со многу лесен пристап до главната улица на која на само неколку чекори ќе најдете маркет, ресторан, кафуле…   На 300 м. оддалеченост од плажа оваа вила ви овозможува максимално квалитетно да го поминете денот.

Вила Андреас располага со:

  • 9 студија за по 2 лица
  • 4 апартмани за 4 лица (со посебни спални)

Сите апартмани се опремени со кујна, тоалет, сеф, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата)

  • Дополнителни работи како сјај, сунгер, сапун, шампон, фен, метла, џогер, сушална не се вклучени, но може да се понесат.
  • Апартманите во вилата се чистат на секои 3 дена.
  • Студија за 2 лица