„ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРАДОТ НА ДВА КОНТИНЕНТИ“

Искористи го најевтиниот аранжман за патување во Истанбул
ТЕРМИН: (ОД 06.12 ДО 09.12)
ПРОМО ЦЕНА: 75 ЕВРА /4650 ДЕНАРИ 


ПРВ ДЕН – 06.12 (ПЕТОК)
Средба на групата на паркинг на ВИП ХОТЕЛ во 15:00 часот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. За потврда на точно време и место на поаѓање, агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање.


ВТОР ДЕН- 07.12 (САБОТА)
Планирано пристигнување во раните утрински часови. Во хотел се оставаат куферите (просторија за багаж), патниците одмараат од долгиот пат. По одредената пауза, започнува реализација на програмата која што е предвидена. Првиот ден по самото пристигнување започнува реализацијата на пешачка тура која од џамијата во Лалели, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподоромот завршува пред „Аја Софија“. Ова пешачка тура се реализира со лиценциран локален водич од кого ќе научите доста за  стариот град. Истата тура е вклучена во цената.

Влегувањето во „Аја Софија“ се доплаќа и влегува во факултативни влезници.

  • 10:00h: Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.
  • 11:30h: Посета на цистерната „Јеребатан“. Цистерните изградени за потребите на населението во Истанбул, кој со векови беше главен град на Византија и Османлиското царство, денес се незаменлив дел од културното наследство на овој град. Еден вид ризници на културата на Истанбул, градот со долга историја, се цистерните Јеребатан (Базилика), Нуруосманије, Бинбирдирек и Серефије. Џошкун Јилмаз, директор на Управата за култура и туризам во Истанбул, изјави дека во градот на Босфорот, поради недостаток на извори на вода, изградени се голем број цистерни, со цел во текот на летниот период да бидат достапни доволни количини вода.
  • По завршувањето со посета на „Јерабатан“ групата се враќа назад во хотел и има слободно време за ручек.
  • 20:30h: Ресторан Гар: Препознатлив по својот препознатлив ентериер и незаборавните ноќни танци, ресторанот „Гар“ го имате како опција за ноќно излегување. Во ресторанот се служи традиционална турска храна, вклучени две пијачки и целовечерна програма исполнета со Belly dance и турски играорци.

ТРЕТ ДЕН- 08.12 (НЕДЕЛА)
Третиот ден започнува со доручек во хотелот во којшто се сместени патниците. Доручекот е во времетраење кое го одредува менаџментото на хотелот, а тие информации се дознаваат на рецепцијата во хотелот. По појадокот, групата заминува на крстарење по Босфор.  Програмата за вториот ден е следната:

  • 08:30h- КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
    Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

    • 11:30h- ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ
      Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја
    • Слободно време за пауза за ручек во договор со водичот.
    • 14:30h- ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД И ПОСЕТА НА АЗИСКИ КОНТИНЕНТ ЗА ПРВ ПАТ.
      Панорамски разглед на европски и азиски дел на Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Ортакој. Стадионот на Бешикташ, централното подрачје на Истанбул и бизнис зоните кадешто се стационирани највисоките облакодери. Панорамскиот разглед ќе ви даде многу одговори околу стабилната економија на градот и завршува на Ортакој. Тоа е едно од најубавите пристаништа кадешто се наоѓаат доста ресторани и кафулиња. На ова место се направени доста сцени од турските серии.
    • 17:00h–НОЌЕН ИСТАНБУЛ: Посета на Emaar Square Mall, Watergarden и Плоштадот „Таксим“. Со можност за посета на аквариум.
      Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во овој трговски патниците имаат можност да посетат еден од преубавите аквариуми.

      Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Доколку сакате да гледате како изгледа тоа, можете да погледнете со еден клик ОВДЕ!
      Ноќната тура завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Овде се наоѓа главната улица „Истиклал“ која е симбол за ноќен живот, а по истата се протега познатата трамвај линија и големиот број дискотеки и кафулиња.

Ноќниот разглед завршува на полноќ кога групата се враќа во хотелот.


ЧЕТВРТ ДЕН- 09.12 (ПОНЕДЕЛНИК)
Денот започнува со доручек на групата во хотел, по што следува одјавување на рецепција. Одјавувањето на рецепција е во 09:30, кога заедно со куферите групата се упатува кон автобусот. Пред да се напушти градот, патниците имаат шанса да го посетат аквариумот „Туркуазу“ кој е во склоп на трговскиот ценар „Форум“.

  • 10:45h– Фабриката „Коска“. Место каде што можете да ги набавите сите традиционални турски задоволства по доста ниски цени.
  • 13:00h– Последна дестинација е трговскиот ценар „Форум“. Еден од поголемите трговски центри во Истанбул. Во Форум ќе најдете секаков бренд, облека за секого, накит. Бидејќи сите сакаат шопинг, во овој трговски ќе се задржиме околу 4 часа. По завршување со посетата на трговскиот центар „Форум“ групата се упатува кон Македонија. Тргнувањето од Истанбул е во договор со водичот. Предвидено е престигнување во Македонија во раните утрински часови.

По завршување со посетата на трговскиот центар „Форум“ групата се упатува кон Македонија. Тргнувањето од Истанбул е во договор со водичот. Предвидено е престигнување во Македонија во раните утрински часови.

НАПОМЕНА: АГЕНЦИЈАТА ИМА ПРАВО НА ПРОМЕНА НА ПРОГРАМАТА, ДОКОЛКУ ЗАКЛУЧИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ОГРОМНА ГУЖВА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ИЛИ ВО САМИОТ ГРАД! МЕНУВАЊЕТО НА ПРОГРАМАТА ВО ВАКВИ ВОНРЕДНИ СЛУЧАЕВИ, Е ВО ПОЛЗА НА ПАТНИЦИТЕ.


ЦЕНИ:

ТЕРМИН: (ОД 06.12 ДО 09.12)

ПРОМО ЦЕНА: 75 ЕВРА /4650 ДЕНАРИ 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ДОПЛАТИ:

  • За деца до 11,99 години аранжманот се наплаќа на пола цена.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • две ноќевања во хотел 3* во населбата Аксарај со вклучен појадок
  • автобуски превоз со високотуристички автобус
  • туристички придружник за време на целиот престој
  • туристички водич (локален) кој ќе ви го презентира Аксарај
  • Пешачка тура (прв ден) (Хотел- Капали Чаршија и Хиподромот
  • Посета на фабриката „Коска“
  • Посета на трговски ценар „Форум“

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Доплата за сингл соба е 30 евра дополнително од аранжманот
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временскиот редослед на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ:
Истите се уплаќаат за време на патувањето:

  • Аја Софиа
    Посета на некогашната православна црква, а денес музеј со локален туристички водич (вклучено аудио слушалки)- Цена 15 €
  • Јеребатан
    Некогашната палата на султаните-Цена 15 €
  • Панорамски разглед на Истанбул
    Посета на европскиот и азискиот дел на Истанбул со Ортакој – Цена 10 €

  • 5.Крстарење по Босфор
    90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 €
  • Долмабахче
    Турскиот Версај на султанит- Цена 20 €
  • Ноќен Истанбул- Цена 25 €
    Ценар: Emaar Square Mall
    Ценар: Watergarden
    Плоштад Таксим
  • Аквариум “Емар” – 15 €
  • Ресторан „Гар“- Цена 25 €

Праксата покажала дека доста од патниците се одлучуваат за повеќе факултативи. Затоа ние комбиниравме факултативи кои ќе ви заштедат на џебот. Досегашната пракса покажала дека екскурзиите коишто се вклучени во пакет 2 се најбараните екскурзии, па затоа нашата агенција ви нуди попуст доколку ги купите сите како пакет.

  • Пакет 2- 65€ (Намалување од 75€)
    Крстарење по Босфор
    Долмабахче
    Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на Чамлиџа
    Ноќен Истанбул (Таксим, Emmar Square Mall, Watergarden)
    Во овој пакет не е вклучена посетата на аквариумот во Емар.

Патувате во Истанбул и сакате градот да ви остане во паметење? Патувате во Истанбул затоа што шопингот ви е во втор план, а пред се сакате да научите нешто во вашиот живот и да дознаете нови работи за историјата на луѓето коишто дејствувале на ова подрачје? Сакате култура? Сакате да бидете оној/она кои ќе се вратат дома исполнети со многу слики и спомени од градот? Тогаш вие го имате ВИП пакетот со сите екскурзии.

  • ВИП пакет- Цена: 110€ (Намалување од 120€)
    Сите тури
    Освен ресторан Гар