Кавала

КАВАЛА -ДРАМА – АЛИСТРИ -АГИТИС

1ден. 06.03(петок) Скопје- Велес-Кавадарци – Неготино -Кавала

Поаѓање на групата во раните утрински часови. Се упатуваме кон Грција со попатни паузи.

Пристигнување во Кавала или како што е уште познат како грчкото Монте Карло според архитектурата на градот. Град во кој се родени Мехмед Паша кој е основач на новата Египетска Држава. Посета на тврдината, Имаретот изграден во 1817г врвот на муслиманската архитектурата, споменик куќата на Мехмед Паша како и симболот на Кавала – Аквадуктот изграден од Сулејман Величествениот. Можност за посета на музејот на тутун.

Слободно време за кафе пауза и шопинг по тесните улички на Кавала.

Ноќевање.

2 ден 07.03( сабота)

По појадокот предлагаме факултативна посета на Драма и пештерите Алистрати и Агитис.

Пештерата Алистрати е најголемата пештера на Балканот долга 3км и стара 2 милони години, која обилува со фасцинантни фигури од сталактити и сталагмити. Патувањето продолжува кон Пештерата на реката Агитис. Пештера која изобилува со фасцинатни фигури од сталактити и сталагмити кој се пропратени од реката Агитис. Враќање во Кавала (можност за таверна), ноќевање.

3ден 08.03(недела)

По појадокот одјавување од хотелот. Можност за индивидуална прошетка низ Кавала. Враќање во Македонија во вечерните часови.

Цена на аражманот со уплата до 31.01.2020 – 4.900 денари

Редовна цена 5.300 денари

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Кавала,

  • организиран разглед на Кавала,

  • организација и придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување,

  • Целодневен излет до Драма , пештерата Алистрати и пештерата Агитис со вклучени влезници 30 евра (минимум 20 патници),

  • влезници за културно историски споменици.

Важност на пасошот да е најмалку 90 дена од денот на завршување на патувањето и е одговорност на самиот патник.