Лето во Римини, Хотел Naica 3*+
ЛЕТУВАЊЕ ВО РИМИНИ
Нашата понуда за Римини е градена врз основа на повеќегодишните истражувања и анализа на македонскиот пазар и барањата кои ги имаат македонските туристи. Покрај барањата, ние како агенција одлучивме да се земе предвид и куповната моќ на македонскиот турист бидејќи ние сметаме дека секој заслужува да патува.
Летните аражмани во Римини опфаќаат повеќе сегменти: Подолг престој поради далечината на дестинацијата, автобуски превоз поради пониската цена која може да си ја дозволат повеќето патници и класификацијата на хотелот кој може да си го дозволат повеќето патници.
Постојат повеќе причини, но еве неколку од поважните:
- Аранжманот ви овозможува 10 дена на море! 10 дена присуство на песочна плажа која е долга цели 15 километри.
- Со уплатата на аражманот вие ќе го посетите градот Римини. Град чувар на многу историски знаменитости и објекти изградени за време на античката Римска империја. Многу од овие објекти постојат и денеска, а вашата прошетка низ градот ќе ве транспортира назад во историјата.
- Ќе престојувате на втор ред од масивна песочна плажа, за која туристите велат дека и „нема крај“.
- Ќе имате можност да посетите бесплатен „Аква Парк“ кој е гратис од нашата агенција. Аква паркот се нарекува Beach Village. На плажа број 136.
- Сакаме да ви напоменеме дека во Римини постојат 7 до 8 плажи кои што се со слободен влез и каде што можете да си поставите вие пешкири бесплатно. За полесно да ги најдете истите доволно е на Google Maps да го напишете следното: Spiaggia libera Rimini и самата мапа ќе ве однесе до првата плажа која што не се наплаќа. Првата слободна плажа е на околу 400м од хотелот каде што сте сместени веднаш до плажа број 99.
- И секако ќе имате можност да посетите многу градови во кои има многу заштитени УНЕСКО обележја.
- Но исто така, ќе имате можност да ја посетите државата Сан Марино која се наоѓа недалеку од градот Римини.
За Римини има многу работи кои вреди да се прочитат. Ние ви одвојуваме неколку текстови кои можеби ќе ве поттикнат да ја посетите оваа прекрасна дестинација.
За оние кои се љубители на уметноста, архитектурата и историјата. Римини е музеј на отворено и вреди да се доживее. Дали знаете дека во Римини одредено време живеел и Леонардо Да Винчи? Дали знаете дека Римини бил територија за борбата помеѓу Галите и Римјаните, по кој факт му помагаат да прерасне во најголемото пристаниште на Јадранот.
Дали знаете дека Римини го нарекуваат главниот град на италијанскиот крајбрежен туризам?