Римини е град од 141 505 жители. Тој се наоѓа на брегот на Јадранското Море и е главен град на Емилија-Романга. Градот Римини е познат по туризам. Таканаречената среќа за туризам на градот Римини започнала во XX век.  Кон крајот на IX век Римини станал град во Италија во кој не може да се одолее убавината на плажите, импресивното казино, огромните сали и благата клима која е одлична за човекот.

Cavour Square in Rimini adriatic riviera Emilia Romagna Italy

Еден од најзначајните споменици во Римини, каде е присутна странската архитектура е храмот Малатеста. Овој храм бил дизајниран од страна на Леон Батиста Алберти во 1450 година во чест на тогашниот господар на Римини- Сигистимондо Падолфо Малатеста во XV век. Храмот поради богатството на пагански елементи и немањето на христијански симболи бил принуден да биде изграден на веќе постоечки објект. Црквата на Свети Францис целосно била покриена со новата фасада дизајнирана од страна на Леон Батиста Алберти.

Денес поради структури причини е променета фасадата. Вистинскиот дизајн на храмот може да се види на стари бронзени медали кои припаѓале на тогашниот надзорник на Римини. Внатрешноста на храмот ја изработувале уметници од Тоскана. И во неа има скулптури од Агостино ди Дучио и слики од Пијеро дела Франческа. Друг објект кој и припаѓа на оваа ера е тврдината Сидисмондо. Замокот на Сидисмондо Падолфо Малатеста беше изграден во 1437. Овој замок бил изграден за заштита од удари на оружје. Денес од палатата останал централниот дел, додека уништени се сите ѕидови однадвор.

Леонардо да Винчи доаѓа во Римини како инженер и советник на Чезаре Боргиа.

Леонардо бил одушевен од веселиот звук кој доаѓал од водата од прекрасните фонтани во градот. Тој заклучил дека ако водата излегува од различни глинени садови таа ќе формира различен звук. А истовремено ако има различен звук ќе се создава музика. Леонардо сакал да направи инструмент кој ќе создавал таква музика. Со цртежи, скици почнал трудот за изградба на таква машина. Оваа идеја на Леонардо била предадена во Универзитетот во Болоња на професор Александро Гочи. Тој воочил дека потребен е воздух за да се добијат музички ноти. Инструментот бил направен од дрвени запченици, бил во форма на цилидер со отворени славини. Инструментот е направен од осум прачки кои одговараат на основните белешки на една октава. Овој инструмент е изложен во Музејот на градот Римини.

Дали знаете дека Римини го нарекуваат главен град на италијанскиот крајбрежен туризам?

Идеална дестинација за млади и за семејства. Римини е дестинација која може да им понуди на сите уникатен летен одмор!

ОД многубројни ресторани и кафулиња со свои лежалки на масивните песочни плажи, до еден куп дискотеки за уште подобар ноќен живот.

Римини е град кој е сместен во регионот Емилија Ромања, недалеку од Равена- градот на мозаиците, Република Сан Марино и регионот Ле Марке. Ова ви кажува дека имате навистина многу околни дестинации кои вреди да ги истражите!

Римини има доста богата историја, а тоа ја поттикнува цела аристократија на Европа да доаѓа овде на летување!

Градот Римини е познат по прекрасните златни плажи! Крајбрежјето започнало да се гради со луксузни хотели и вили во 1907 година кога воедно го отвараат легендарниот хотел Гранд.

На плажите во Римини има апсолутно место за сите, а покрај морето ве советуваме да ја посетите познатата река Рубикон, која Јулиј Цезар ја поминува со својата војска на пат кон Рим. Денеска во Римини на плоштадот Тре ќе го најдете споменикот на Цезар.

Атракции кои можете бесплатно да ги посетите во Римини

ТА ве советува за неколку атракции во Римини кои мора задолжително да ги посетите. Римини е град- музеј на отворено! Оние кои ќе го посетат стариот град, центарот на Римини, со сигурност ќе посакаат да се вратат веќе наредниот ден.

ТА со неколку совети за тоа што треба да посетите во стариот град на Римини:

Римини има две главни атракции во градот кои се зачувани од римско време! Овде е (Арх) Arco d’Augusto и мостот Тибериј кој е стар 2000 години!

Ancient Arch of Augustus Roman Emperor in Rimini Adriatic Sea Italy

За Арх, треба да знаете дека е изгаден во време на царот Август, а мостот започнал да се гради за врмее на Август, а завршува во времето на Тибериј!

Лактот на Авугст (Арх-от) е најстариот римски лак во Италија! На страните на лакот има четири медалјони со слики на антички богови.

Historical roman Tiberius bridge over Marecchia river during sunset in Rimini, Italy

Мостот Тибериј е стар 2000 години и е импозантна заоблена камена структура над самата река Марекија. И покрај староста, мостот верно му служи на локалното население. Изненадувачки факт е дека по него не се движат само пешаци, туку и возила.

Задолжително треба да го посетите плоштадот Кавур

Place Cavour е уникатен плоштад кој е опколен со прекрасни палати, а меѓу кои се наоѓа и палатата на Павле V, како и фонтана од бел мермер.

Cavour Square in Rimini adriatic riviera Emilia Romagna Italy

Не заборавајте да прошетате низ стариот град на Римини, населбата именуванакако Понте Ди Тиберио. Низ населбата има многу мали улици со калдрма и многу добри ресторани. Но она што е највпечатливо во Понте Ди Тиберио се муралите кои ги красат куќите и разните дуќани во стариот град.

На листата на посети треба да го додадете затворениот пазар во Римини

Љубителите на добрата локална храна имаат можност да го посетат затворениот пазар во Римини и да се запознаат со локалното население кое секојдневно продава морска храна, локално овошје и зеленчук, домашни тестенини, локални сирења и пршута. Покриениот пазар во Римини е светот каде можете да откриете многу вкусови и да уживате во спојот помеѓу традицијата и модерното! Самиот шарм на пазарот ќе ви ја долови вистинската слика за животот на италијанците.

Има уште многу историски и културни атракции кои вреди да ги посетите во Римини, а за кои ќе пишуваме дополнително.

Регионот на Римини преполн со атракции кои ќе ви го расположат одморот

Римини има многу модерни атракции со кои може да се пофали. Покрај богатата историја и култура, Римини е дом на ултра модерен луна-парк, парк на Италија во минијатура, делфинариум, аквапарк и уште многу атракции.

Во Римини постои голем делфинариум во кој можете да уживате во шоута со делфини. Дали некогаш сте помислиле дека можете да уживате во вакво шоу?

Во Римини се наоѓа паркот на „Италија во минијатура“. Овде имате можност да се запознаете со 119 палати во Италија, како и големиот канал по кој можете да возите со брод.

Во околината на Римини се наоѓа еден од најголемите луна-паркови во Италија. Паркот Mirabilandia!

Исто така, доколку престојувате во Римини, треба да одвоите време да ја посетите Републиката Сан Марино. Мала уникатна држава во држава која има своја специфична историја, знаме и химна. Сан Марино е дел од светското културно наследство на УНЕСКО!

Недалеку од Римини се и Равена и Болоња, кои се градови кои дефинитивно заслужуваат да ги посетите.