ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ДРЕЗДЕН – ВИЕНА
ВЕЛИГДЕН

1 ден: ЧЕТВРТОК (16.04.2020) СКОПЈЕ – ПРАГА:
Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 со високотуристички автобус. Патот води преку Србија и Унгарија со попатни одмори и царински формалности.

2 ден: ПЕТОК (17.04.2020) ПРАГА:
Пристигнување во Прага во пладневните часови.Панорамско разгледување на градот со локален туристички водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Во вечерните часови ноќна прошетка низ центарот на Прага со можност за крстарење по реката Влтава и прошетка.Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: САБОТА (18.04.2020) ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА:
Појадок. После појадокот излет во прекрасниот Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни.Враќање во хотел.Ноќевање.

4 ден: НЕДЕЛА (19.04.2020) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА:
По појадокот предлагаме излет до најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Беkеровка како и музејот на Беkеровка. Враќање во хотел.Во вечерните часови можност за посета на традиционален чешки ресторанили чешка пивница или индивидуални активности за прошетки или шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден ПОНЕДЕЛНИК (20.04.2020)  ПРАГА – ВИЕНА  – СКОПЈЕ:
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена со попатна пауза во шопинг центарот во Знојмо. Панорамски разглед на рингот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје.
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМО ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 15.03.2020……..129 евра

РЕДОВНА ЦЕНА….169 евра

Во цената е вклучено:
*Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.
*3 ноќевања со појадок во хотел  3***
*Организиран разглед на Прага со професионален лиценциран водич.
*Oрганизиран разглед на Виена.
*Организација на аранжманот и туристички придружник од Т.А во текот на целото патување.
*Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (црна река) и Велес

Во цената не е вклучено:
*Факултативен излет Карлови Вари – 25евра.
*Факултативен излет на Дрезден – 30eвра.
*Крстарење по реката ‘Влтава – 15 евра.
*Патничко осигурување – 300 денари

Важни напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
  • За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ