ПРОЛОМ БАЊА 8-МИ МАРТ

Програма на патување:

 

1.Ден 06.03.2020 (Петок)                СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања во пладневните часови и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 07.03.2020 (Сабота)                      ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. Во 10 часот заминување на организиран претпладневен излет со локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, избран е во ТОП 77 во изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечерта Свечена 8мо Мартовска вечера со богата музичка програма. Ноќевање.

3.Ден  08.03.2020 (Недела)               ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ДЕКЕМВРИ-ЈАНУАРИ-ФЕВРУАРИ-МАРТ

Цена за резервации до 20.02.2020 – 119€/7.378мкд

Редовна цена – 125€/7.750мкд

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ БЕЗ ДОПЛАТА ОД КАВАДАРЦИ,НЕГОТИНО,ШТИП,ВЕЛЕС,СКОПЈЕ,КУМАНОВО

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања во двокреветни и трокреветни соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
  • Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера
  • Организирана свечена вечера со жива музика
  • Користење затворено отворен базен со лековита Пролом вода
  • Користење Велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум
  • Организиран излет со автобус до Ѓавола Варош, вклучена влезница и локален водич
  • Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
  • Туристичка такса
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

Попусти и опционални доплати:

  • Доплата за еднокреветна соба +30€/1.860ден
  • Дете 2-9год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 25€/1.550мкд
  • Дете 9-14год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд
  • Трет возрасен на дополнителен кревет -10% (на барање)
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620ден по патник
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620ден (мин. 2 седишта)
  • Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +35€/2.170ден

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Мартин
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни услови да ја промени програмата или да ги откаже излетите.
  • Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.