САРАЕВО – МОСТАР – ВИШЕГРАД

16.04.2020  Кавадарци – Сараево

Тргнување на групата од Кавадарци во 17:00 часот пред агенција и во 19:00 часот од Скопје пред хотел Вип. Поаѓање кон Босна и Херцеговина со попатни одмори преку граничниот премин Табановце.  Патувањето продолжува преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.

17.04.2020  Сараево

Пристигнување во Сараево во претпладневните часови. Организиран  разглед на Сараево со локален водич: Алипашино поле, Грбавица, Скендерија, Мостовите на Миљацка, Народниот театар, Градската куќа, Царската Џамија, Башчаршија, Казанџилук – казанџиската улица на сувенири, Себиљ – центарот на стариот град, Мориша Хан, Газихусербеговиот безистен и Газихусerбеговата џамија, Синагогата, Катедралата, Црквата Св. Архангел и Михаил и др. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

18.04.2020  Сараево – Врело Босне – Мостар – Сараево (факултативно)

Појадок. По појадокот заминување на групата кон изворите на реката Босна познати како “Врело Босне” во подножјето на планината Игман во југозападниот дел од сараевското поле, омилено место на “сарајлиите”… (факултативно) Продолжуваме кон Мостар и разглед на истиот: градби кои датираат од Турско време, стариот мост, Кулата Келебија, Саат кула, Крива Чуприја (еден од најстарите споменици кои датираат од османлискиот период), старата Мостарска чаршија која се наоѓа на левиот брег на реката Неретва … …посета на музејот ,,Битка за ранетите на Неретва, каде што е многу детално опишана Битката на Неретва. Враќање во Сараево. Ноќевање.

19.04.2020  Сараево – Требевичка жичара – Јахорина – Сараево (факултативно)

Појадок. По појадокот факултативна посета на врвот Требевиќ, кој се наоѓа на надморска височина од 1629 метри и источно се надоврзува со планината Јахорина. Требевиќ преставува главно место за излет во Сараево. За време на Османлиското владење Требиќ било воено седиште бидејќи од неговите падини може да се види цело Сараево. Посета на Јахорина – Олимпискиот центар, еден од најмодерните скијачки центри. Враќање во Сараево. Време за слободни и  индивидуални прошетки низ Сараево и шопинг. Ноќевање.

20.04.2020 Сараево – Македонија

Појадок. По појадокот заминување на групата кон  Вишеград – прошетка по надалеку прочуениот мост на Дрина, ремек делото на Мехмед Паша Соколовиќ… слободно време за кафе, ручек и посета на Андриќград – ремек делото на познатиот филмски режисер Емир Костурица кој го направил овој “град во град”, посветен на познатиот писател Иво Андриќ. Тргнување кон Македонија со попатни паузи за одмор. Враќање во Македонија во доцните вечерните часови.

Цена за резервации до 01.03.20207.990 ден.

Цена на аранжманот8.620 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз со високотуристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел 3* во Сараево на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Сараево со локален туристички водич
  • Посета на Вишеград и Андриќград
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник од агенцијата

Во цената на аражманот не е вклучено:

  • Факултативен излет до Мостар и Врело Босне – 20 € (минимум 20 пријавени лица)
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Карта за жичара – 10 евра
  • Туристичка такса – 1 еврo по лице на ден ( се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување (информации во агенција)

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 пријавени лица.