Франција станува се повеќе и повеќе една од најпопуларните и најпрестижните ски дестинации. Голем избор на ски центри, ски области и непрегледни километри широки патеки кои се протегаат по должината на француските Алпи, пространи области за freeride и одлични снежни паркови – сето тоа се факти кои зборуваат сами за себе.

Дополнителната понуда на зимски активности е исклучително богата и квалитетна. Повеќето од сместувачките капацитети се наоѓаат на ски патеките и на тој начин ви овозможуваат удобност во омилениот ski-in / ski-out престој, што подразбира дека од апартманите , до и од ски-центарот доаѓате и одите на скии.

Француските Алпи се скапоцен камен, постојано украсени со модерна ски опрема, со врвен квалитет на Spa & Wellness центри и кулинарски ремек-дела. И ние сакаме да го споделиме овој скапоцен камен со вас.