СОКОБАЊА

Програма на патувањето:

 

01.05.2020 (Петок)                                            СКОПЈЕ – СОКО БАЊА

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем рано наутро во 05.30часот. Поаѓање кон Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Соко Бања во пладневните часови и сместување во хотел Бањица. Ручек. Краток одмор и освежување од патувањето и заминување на организирана попладневна прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Mилошев Конак, Tурско купатило, црквата Св. Преображение…). Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

02.05.2020 (Сабота)                                            СОКО БАЊА – ОЗРЕН

Појадок. Ден предвиден за традиционален првомајски ручек на Озрен со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача) и организирани активности и натпревари во природа на отворено (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…). Враќање во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

03.05.2020 (Недела)                                       СОКО БАЊА -СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување на организирана претпладневна прошетка до излетничко место Лептерија и стариот Соко Град со локален водич. Враќање во хотел. Заминување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО цена за резервации до 15.03.2020 – 79€/4.898мкд

Редовна цена на аранжманот – 89€ (5.518 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел Бањица 3* во двокреветни и трокреветни соби на база 2 ноќњевања
  • Исхрана на база 2 полни пансиони (појадок-шведска маса, ручек и вечера сет мени)
  • Организиран разглед на Соко Бања со локален водич
  • Организирана прошетка до Лептерија и Сокоград со локален водич
  • Организиран излет на планината Озрен со традиционален првомајски ручек и богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача)
  • Користење на базен џакузи со термо минерална вода
  • Туристичка такса
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци

Важни напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од даумот на враќање, или валидна лична карта.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови. Организаторот го задржува правото да го промени текот на излетите во случај на потреба, или истите да ги откаже при неповолни временски услови. Доколку временските услови се неповолни за реализација на излетот на Озрен, организаторот го задржува правото за промена на локацијата на покриената тераса на хотел Бањица со истото мени и програма.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.