Сокобања                                   ВЕЛИГДЕН 17.04-20.04.2020

Програма на патувањето:

1.Ден 17.04.2020 (Петок) СКОПЈЕ – СОКО БАЊА

Состанок на групата во 05.30 часот рано наутро на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне. Традиционален коктел за добредојде и сместување. Ручек. Краток одмор од патување и заминување на организирана попладневна прошетка низ поширокиот центар на Соко Бања со локален водич: Mилошевиот Конак, Tурското купатило, црквата Св. Преображение… Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 18.04.2020 (Сабота) СОКО БАЊА-ЛЕПТЕРИЈА-СОКОГРАД

Појадок. Заминување на организирана претпладневна прошетка со локален водич до излетничкото место Лептерија и стариот Соко Град. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Можност за користење на Велнес и СПА услугите на хотелот. Вечера.Ноќевање

3.Ден 19.04.2020 (Недела) СОКО БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Ден предвиден за традиционален велигденски ручек на Озрен со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача) и организирани активности и натпревари во природа на отворено (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…). Враќање во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

4.Ден 20.04.2020 (Понеделник) СОКО БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времете предвидено за заминување. Заминување кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА за резервации до 15.03.2020: 99€/6.140ден

Редовна цена по лице:  109€/6.760ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со автобус на наведената релација

– Сместување во хотел Бањица 3* во Соко Бања

– Исхрана на база 3 полни пансион шведска маса за појадок, ручек и вечера сет мени

– Организиран излет на планината Озрен со традиционален велигденски ручек и богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача)

– Организиран разгледи со локален водич до центарот на Соко Бања, Лептерија и Сокоград

– Користење на базен – џакузи на хотелот со термо минерална вода

– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување 200 ден

– Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од даумот на враќање, или валидна лична карта.

– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Т.А.Мартин

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови. Организаторот го задржува правото да го промени текот на излетите во случај на потреба, или истите да ги откаже при неповолни временски услови.

– Ценати се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност  по курс 1€=62мкд.