Островот Крф е еден од најубавите острови, лоциран на најсеверниот дел на Јонскиот архипелаг и е втор по големина остров во Јонското море. Островот претставува мозаик на историјата, склоп од различните цивилизации и нации, како и периоди на владеење на  Византијци, Римјани, Французи, Руси, Англичани, па се до Италијанци и Германци во поновата историја.

Во нашата понуда за лето 2018, ја имаме вилата Тео, која се наоѓа на 130 метри од плажата и вилата Статис, која се наоѓа во центарот на главната улица, на само 13 метри од плажата.

Погледнете ја нашата целосна понуда во продолжение.

ВИЛА ТЕО (Ипсос/Пирги)

Вилата Тео се наоѓа на само 130 метри од плажата, опкружена со зеленило, во мирниот дел на Ипсос, сокриена од градскиот метеж. На неколку метри од вилата, се наоѓа и ресторанот „Бонита“, кој е на истиот сопственик.

Вила Тео располага со 14 двокреветни соби, две четирикреветни соби со вифи интернет. Секоја соба има мини кујна, опремена со основен прибор, мал фрижидер, решо, аспиратор, тоалет, тераса, ТВ и вентилатор. Вилата не е климатизирана.

Термини:  Редовна цена Early booking до 01.03
26.05-02.06 79 49
02.06-09.06 99 69
09.06-16.06 109 79
16.06-23.06 119 89
23.06-30.06 129 99
30.06-07.07 149 119
07.07-14.07 159 129
14.07-21.07 179 149
21.07-28.07 199 169
28.07-04.08 209 179
04.08-11.08 209 179
11.08-18.08 209 179
18.08-25.08 199 169
25.08-01.09 179 149
01.09-08.09 129 99
08.09-15.09 119 89
15.09-22.09 109 79
22.09-29.09 89 59

НАПОМЕНИ:

Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 15 евра кои се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА воведена туристичка такса од 4 евра по лице за целиот престој. Се плаќа во автобус.
Задолжително патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
Можност за плаќање: За да направите резервација, потребно е уплата од 30% од сумата, а остатокот треба да биде исплатен во целост на 10 дена пред тргнување. Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка или преку формата за онлајн плаќање која се наоѓа на нашиот сајт.
За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
Доколку сакате да споите термин, се плаќа редовата цена за вториот термин, а се одземаат 20 евра за превозот од редовната цена.
Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите.
Цена само за превоз 45 евра со доплата од 15 евра за траект.
За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A Мартин.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 15 евра за траект и 4 евра туристичка такса

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

Check in во собите е после 14h по грчко време ВИЛА ТЕО:
Check out е до 09h. Багажот се остава во дел предвиден за куфери, кое го одредува персоналот кој ја чисти вилата
Чистењето на собите е на четвртиот ден од престојот, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат со цел да може да се смести групата која доаѓа.
Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
Не постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата

Поагање на Дрводекор во вечерните часови ден претходно. Патувањето се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола). Попатни паузи за освежување и царински формалности. Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови.