Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почувствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 179 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
ПРОМО ЦЕНА 159 € до 25.03.2023
Цената на аранжманот вклучува:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување во хотел Athens Cost 3* во областа Глифада-Атина, на база 2 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на Атина со локален водич
- Организација на аранжманот и пратител на групата
Цената на аранжманот не вклучува:
- Задолжително патничко осигурување
- Факултативна посета на Пелопонез (35еур)-не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус (12€) и Микена (12€)
- Посета на Пиреја и Сунион (35еур)
- Влезница за во Акропол со водич (35 еур)
- Туристичка такса -200 мкд по лице се плаќа во агенција
- Индивидуални трошоци
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
ПЛАН И ПРОГРАМА
13.04.2023 (Четврток) Скопје – Атина
Состанок на групата на Дрво Декор во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
14.04.2023 (Петок) – Атина
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Факултативна посета на Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кои што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место.
Сместување во хотел. Слободно попладне.
Ноќевање.
15.04.2023 (Сабота) – Атина – Пелопонез
Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич.
Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.
Се посетува и Епидавр или Епидариус (влезница 12 евра)- родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.
Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена (влезница 12 евра) – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон
Враќање во хотел во пополадневните часови.
Вечерта околу 21:30 собир на групата пред хотелот и сите заедно се упатуваме во црква, да ја проследиме целосната церемонија за Велигден.
По завршување на церемонија сите заеднички се упатуваме кон хотел.
Ноќевање.
16.04.2023 (Недела) – Атина –Сунион-Скопје
После појадокот одјавување од хотел и се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон.
По завршување на екскурзијата се упатуваме кон Македонија.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 17.04.- Понеделник.