ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-ФИРЕНЦА СО ОСТРОВИТЕ МУРАНО-БУРАНО-ТОРЧЕЛО

1.Ден 16.04.2020 (Четврток)                        СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на паркингот спроти саем во 14.30 часот. Поаѓање за Италија во 15.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

2.Ден 17.04.2020 (Петок)                                       ВЕНЕЦИЈА 

Пристигнување во претпладневни часови во Пунта Сабиони и заминување на разлед и посета на Венеција. Организран трансфер со брод – вапорето и прошетка низ уличките во градот на мостови и канали; Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. По разгледот заминување за Лидо ди Јесоло и сместување во хотел.  Ноќевање.

3.Ден 18.04.2020 (Сабота)                   МУРАНО – БУРАНО – ТОРЧЕЛО               

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативно крстарење по островите на Венецијанска лагуна, Мурано, Бурано и Торчело. Започнуваме со посетата на островот Мурано, далеку познат по вековната традиција во изработка на стакло, каде е всушност и фабриката за изработка на стакло, прошетка по островот, кратко слободно време, потоа продолжуваме кон Бурано, островот со најубавите шарени куќички и најдобрите рачни изработки од чипка. И за крај на оваа прекрасна прошетка, посета на Торчело, островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во овој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја. Враќање во Лидо ди Јесоло. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки.  Ноќевање.

4.Ден 19.04.2020 (Недела)                ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: Црквата Санта Кроче, плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во попладневните часови враќање назад во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

5.Ден 20.04.2020 (Понеделник)              ВЕНЕЦИJА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Посета и разглед на градот на Ромео и Јулија; Арената, Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе, куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност за шопинг во некои од најдобрите италијански брендови поставени на улицата Виа Мацини. Во попладневните часови заминување за Македонија. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

6.Ден 21.04.2020 (Вторник)                                СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

ПРОМО цена за резервации до 15.03.2020 – 139€/8.618ден

Редовна цена – 159€/9.858ден

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло на база 3 ноќевања со појадок;
  • Организирана посети на градовите според програмата;
  • Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување;
  • Организирана посета на Венеција со брод вапорето – 20€;
  • Факултативна екскурзија со брод по островите Мурано, Бурано и Торчело – 35€;
  • Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 45€;
  • Доплата за туристичка такса (1-2€ по лице од ноќ);
  • Влезници по културно – историските знаменитости.

***ПРОМО пакет за пријава на сите факултативи 85€ наместо 100€.

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ
  • Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.
  • Организираторот го задржува правото за промена на цената на факултативите во случај на недоволен број на пријавени.
  • Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 15 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата.
  • Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.