Венеција, Фиренца,Верона,Сирмионе

 

Програма на патување:

 

1.Ден 16.04.2020 (Четврток)                                   СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок со групата на паркингот спроти саем во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

  1. Ден 17.04.2020 (Петок)         ВЕНЕЦИЈА 

Пристигнување во пладневните часови и сместување во хотел (доколку хотелските соби се спремни).  Кратко слободно време за одмор и освежување. Во попладневни часови организирано заминување кон Венеција. Возење со локален брод – вапорето, прошетка и разглед на Венеција: Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 18.04.2020 (Сабота)                   Лидо ди Јесоло – ФИРЕНЦА – Лидо ДИ Јесоло

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: Црквата Санта Кроче, плоштадот Сињори, Палацо Векио, Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во попладневните часови враќање во хотел, пристигнување во вечерните часови.. Ноќевање.

4 ден 19.04.2020 (Недела)                         Лидо ди Јесоло-Сирмионе-Верона

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Сирмионе-езеро Гарда,и потоа се оди кон ВЕРОНА. Прошетка и разглед на градот на Ромео и Јулија: Арената, плоштадите Бра и Ербе, Виа Мацини, куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Дневно и ноќно возење преку  Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

5 ден 20.04.2020 (Понеделник)                                       СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

Цена за резервации до 15.03.2020 –  109€/6.760 ден.

(ценaтa важи со пријава на пакет факултативи 85€)

Редовна цена 129€/8.000 ден

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ БЕЗ ДОПЛАТА ОД КАВАДАРЦИ,НЕГОТИНО,ШТИП,ВЕЛЕС,СКОПЈЕ,КУМАНОВО

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел 3* во Лидо Ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок,
  • Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување 200 ден
  • Превоз со брод вапорето до Венеција+локален водич- 20€ ,
  • Факултативна посета на Фиренца со локален водич 45€(за реализација потребно е 30 луге),
  • Задолжителна посета на Верона и Сирмионе 20 евра
  • Доплата за туристичка такса 2€ по лице од ноќ – доплата на лице место,
  • Влезници по музеите и културно-историските споменици.

Попусти и опционални доплати:

  • Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден,
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 20€/620мкд (мин. 2 седишта),
  • Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.

Важни напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
  • За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ