Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Всушност, тоа е првото што ќе го забележите штом пристигнете во ова туристичко место – дрворедот од над стотина палми во должина од 1.5 километар се протега се до Дионисос, што е всушност и неговата најголема атракција. Неа Флогита е лоцирана на привилегирана позиција- на само неколку метри од морето, што е предност повеќе токму тука да го поминете вашиот летен одмор дишејќи го секое утро специфичниот мирис на морски воздух. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата, а морскиот гребен на само 50 метри од брегот е природна заштита за пливачите.

Ова приморско место е одлично снабдено во текот на летната сезона. Изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани,а токму во ова туристичко место е најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.Неа Флогита се наоѓа на само 6 километри од Неа Муданија, комерцијалниот центар на Халкидики до каде можете секојдневно да шетате, а доколку сте љубители на шопингот со часови да пазарувате во многубројните бутици. Ако и тоа не ја задоволи Вашата шопинг манија, тогаш искористете го предизвикот-од Неа Муданија имате секој ден редовна автобуска линија до Солун.

Вилата „Bouzalis“ е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита и на само неколку метри од морето. Располага со апартмани со најразлична големина кои се целосно реновирани; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

Напомена:

Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничeниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз.

Во студијата и апартманите дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.

Сместувањето е првиот ден по 14 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09 часот по локално време.

При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.

Ве молиме по напуштање на собите да не оставате неизмиени садови и отпадоци.

Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.

Во случај на причинета штета за  време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние веќе објавените во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатуиле својот аранжман немаат право на надоместна средства на име на разлика во цена.

Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари.

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман

(се плаќа во агенцијата)