ЛЕТО 2020

НЕА КАЛИКРАТИЈА- Вила „Evi I

Првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра е Неа Каликратија, оддалечено само 40 километри од Солун. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos)….Во центарот се наоѓа голем парк со забавни игри за децата и  уредена песочната плажа во должина од 800 метри. На само 5 километри од градот се наоѓа познатата плажа Sahara, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите.

Вилата Evi I е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри метри од морето, меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Вилата е мала, од типот на семејните куќи и располага со само два апартмани кои имаат поглед во вилата Evi IIкоја се наоѓа на самата улица. Апартманите се наоѓаат на приземје и на прв спрат. Сместувачките капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни или електрично решо, фрижидери и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Во апартманите има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Локација на објектот

https://www.google.com/maps/place/40%C2%B018’42.2%22N+23%C2%B003’50.8%22E/@40.3103772,23.0639098,15z/data=!4m5!3m4!1s0x0:0x0!8m2!3d40.311717!4d23.064108

-20% попуст за целосна уплата до 13.12.2019

 

Вила „Evi I” – Неа Каликратија
Термин: Ноќевања: 1/3 апартман 1/5  апартман (дуплекс)
22.05-01.06.2020 10 180 (11.160 ден.) 280 (17.360 ден.)
01.06-11.06.2020 10 220 (13.640 ден.) 320 (19.840 ден.)
11.06-21.06.2020 10 260 (16.120 ден.) 400 (24.800 ден.)
21.06-01.07.2020 10 340 (21.080 ден.) 480 (29.760 ден.)
01.0711.07.2020 10 400 (24.800 ден.) 560 (34.720 ден.)
11.07-21.07.2020 10 490 (30.380 ден.) 650 (40.300 ден.)
21.07-31.07.2020 10 490 (30.380 ден.) 650 (40.300 ден.)
31.07-10.08.2020 10 490 (30.380 ден.) 650 (40.300 ден.)
10.08-20.08.2020 10 490 (30.380 ден.) 650 (40.300 ден.)
20.08-30.08.2020 10 400 (24.800 ден.) 560 (34.720 ден.)
30.08-09.09.2020 10 340 (21.080 ден.) 480 (29.760 ден.)
09.09-19.09.2020 10 260 (16.120 ден.) 400 (24.800 ден.)
19.09-29.09.2020 10 200 (12.400 ден.) 300 (18.600 ден.)

 

 – Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

– Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

– Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

– Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Каликратија

– Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

– Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

Апартман бр. 1

 

Трокреветен апартман на приземје. Апартманот има две простории. Во првата соба има комплетно опремена кујна во која има електрично решо, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Во оваа просторија има еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца на возраст до шест години. Тука е и клима уредот. Од оваа просторија се влегува во купатилото кое има сопствен бојлер, како и во спалната соба која не е посебно издвоена со врата. Опремена е со два единечни кревети со нормални димензии, мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон дворот на вилата. Апартманот се препорачува за семејства со мали деца бидејќи пред влезот има мало дворно место од каде нема излез на улица. Просторот е опремен со пластична маса и столчиња.