Едипсос е мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата. Ова место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè. Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето.
ВИЛА РЕКС – ЕДИПСОС
Вила Рекс има одлична локација во прва линија на 10м од плажа, поставена покрај море на шеталиштето во самиот центар на Едипсос. Оддалеченоста од термалните извори е околу 600м. Вилата располага со двокреветни студија со поглед кон море на прв кат, опремени со соодветен мебел, мини чајна кујна со прибор за готвење, фрижидер, Wi-Fi (вклучено во цена), ТВ, клима (вклучено во цена)
Програма
- Ден. Состанок на групата во 00:30. Поаѓање кон Едипсос во 01:00. Попатно застанување кај Волос се симнуваат патниците за Скијатаос и продолжуваме кон Евија. Кај Глифа се качуваме на траект. за околу 30 минути пристигнуваме на островот Евија кај местото Агиос Кампос на 17км од Едипсос. Пристигнување и сместување во Едипсос.
- 3/4/5/6/7 Ден. Одмор и рекреација уживање во прекрасниот Едипсос и островот Евија. Можност за посета на некој од факултативните излети: Посета на Атина, Посета на островотт Скиатос, Посета на грчките Сејшели и Лахадонисја.
- Напуштање на собите во 09:00 поаѓање за Скопје.
ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ БУС+ТРАЕКТ+СМЕСТУВАЊЕ
-10% за резервации со комплетни уплати до 15.04.2022
-7% за резервации со комплетни уплати до 15.05.2022
СМЕНА | ПЕРИОД | 1/2 СТД КОН МОРЕ |
1 | 20.05-27.05 | 99 |
2 | 27.05-03.06 | 119 |
3 | 03.06-10.06 | 129 |
4 | 10.06-17.06 | 139 |
5 | 17.06-24.06 | 179 |
6 | 24.06-01.07 | 189 |
7 | 01.07-08.07 | 199 |
8 | 08.07-15.07 | 209 |
9 | 15.07-22.07 | 209 |
СМЕНА | ПЕРИОД | 1/2 СТД КОН МОРЕ |
10 | 22.07-29.07 | 209 |
11 | 29.07-05.08 | 209 |
12 | 05.08-12.08 | 209 |
13 | 12.08-19.08 | 209 |
14 | 19.08-26.08 | 189 |
15 | 26.08-02.09 | 179 |
16 | 02.09-09.09 | 159 |
17 | 09.09-16.09 | 149 |
18 | 16.09-23.09 | 119 |
Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– Цените се дадени по лице со вклучен превоз, за минимум 2 лица во соба.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Автобуски превоз Скопје – Едипсос – Скопје
* Сместување во Студио 7 ноќи
* Траект повратна карта Глифа – Агиос Камос – Глифа
* Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка Такса 0,5 центи од ден по соба (се плаќа во објектот)
НАПОМЕНИ:
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);