ЗАНЗИБАР ОД СКОПЈЕ

Ова лето одиме за Занзибар, чие име звучи како како топол ветер на мека песочна плажа! Егзотика во нејзината најчиста форма! Уживање и опуштање во магичната атмосфера на овој остров, звуците на брановите, топлата океанска вода и снежно белиот песок во комбинација со мелодијата на природата, испрекината со тапите звуци на кокосите што паѓаат на земја.

Го посетуваме главниот град Stone Town каде сé е толку живописно. Шарени тесни улички помеѓу камените куќи кои како лавиринт, нé водат од куќата на славниот Фреди Меркјури до локалниот пазар што гарантирано ќе биде една од најуникатните работи кои ги имате видено во животот. Хаотична атмосфера, ценкање, бука, деца, месо, зачини, свежо овошје, мирис на риба, жени кои се шетаат со садови врз глава и се останато што ќе ви падне на памет, на едно место. Жива и динамична атмосфера!

Се запознаваме и со природните убавини на овој неверојатен остров и ја истражуваме џунглата каде имаме впечаток како да сме во некој документарец за планетата земја додека јадеме кокоси, а љубезните локалци нé запознаваат со зачините и егзотичните овошја и зеленчуци кои растат на овие простори, како и примената на овие билки во нивниот секојдневен живот. Се будиме со звуците на брановите во магичната Kendwa/Nungwi каде ќе се претопиме во локалниот Hakuna Matata стил на живот…

Уживаме и во белиот песок и тиркизната вода на Индискиот океан, нуркаме и медитираме во комбинација со африканскиот ритам.

Африканска приказна полна со адреналин, хедонизам и авантура! Одиме?